Од кујната на Марија Кочовска - Камик

Од кујната на Марија Кочовска – Камиказе коктел

„Сте пробале ли камиказе коктел? Името доаѓа од јапонскиот збор 神風 што во превод значи божествен ветер. Овежителен е, со цитрусна арома, а кога станува збор за количината на алкохол би го вклопила во групата на средно јаки коктели. Ги обожавам коктелите кои се приготвуваат со само 3-4 состојки, а овој е еден од нив. А уште подобро е што камиказе се прави со еднакви количини вотка, трипл сек и сок од лимета. Направете го и уживајте!“ – вели Марија, фудблогер и уредник на нашиот сајт. 

А правиш ли коктели дома? Кој е твојот омилен коктел? Ако си љубител на коктели испробај го космополитен коктелот.

Камиказе коктел - од кујната на Марија

Состојки:

  • 1 мала чаша (30 мл) вотка
  • 1 мала чаша трипл сек (ликер од портокал)
  • 1 мала чаша сок од лимета (зелен лимон)
  • коцки мраз.

Подготовка:

  1. Во шејкер се става мразот и се додаваат состојките. Се меша и се става во чаши. Камиказе коктелот може да го послужите во мала чаша за ракија или во чаша за мартини.
  2. Ако немате шејкер, во чашата ставете мраз и додајте ги состојките. На здравје!
Од кујната на Марија Кочовска - Камик

Ако ти се допадна рецептот, разгледај ги моите профили и заследи ме:

Автор на рецепт: Марија Кочовска@kocovska.marija.

Ви препорачуваме да прочитате: Маргарита – најпознатиот коктел од текила.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: