Ако сте љубител на кафе и сакате да го намалите внесот на кофеин, тогаш направете си кафе од цикорија. Има сличен изглед, вкус и арома. Се прави од корења од цикорија, кои по вадењето се мијат, се сечат на ленти, термички се обработуваат и се мелат. Како резултат на зголемената температура добива карамелизиран изглед, што му дава темно кафеава боја, ја зголемува сладоста и му се намалува горчината која е карактеристична за суровиот корен.