Домашно фрапе од киви 1

Домашно фрапе од киви

Кивите се одлично овошје кое многу освежува. Имаат прекрасен изглед кога ќе ги пресечеме и тоа е причина плус за да ги сакаме уште повеќе. Ги пробавме и во вид на фрапе од киви и одлично се покажаа, препорачуваме да го пробате!

Ниската калоричност и хранливата вредност на кивите се за обожавање. Тие се идеални за намалување на телесната тежина и за добра општа здравствена состојба, а повеќе за нивната хранлива вредност може да прочитате тука. Сакаме да ги јадеме често било тоа да е во овошна салата или претворени во фрапе, затоа што имаат многу придобивки за здравјето. Има една поговорка која вели, јадете по едно киви на ден и бидете здрави како „дрен“, па ако сакате да дознаете зошто е тоа така, кликнете овде, нема да згрешите.

Домашно фрапе од киви 2

За две порции може да ставите:

Состојки:

  • 4 киви
  • 2-3 лажици природен мед
  • 200 мл млеко
  • 2-4 коцки мраз по желба.

Подготовка:

  1. Кивите излупете ги, исечкајте ги на кругови и изблендирајте ги.
  2. Потоа додадете ги млекото, медот и коцките мраз, па блендирајте уште кратко колку да се соединат состојките.
  3. Сервирајте во чаши и декорирајте по желба. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Витаминско смуди со киви и боровинки.

Сподели: