Киви е егзотично овошје, со посебно освежителен вкус и уникатен изглед. Се користи во голем број десерти, декоративно е, со долга листа на корисни хранливи материи и многу здравствени придобивки.
Потекнува од Кина, поради што во светот до 1960 година е познато како Кинеско цариградско гроздесто овошје. И покрај тоа, повеќето луѓе го поврзуваат ова овошје со Нов Зеланд, местото каде кивито е донесено во почетокот на 1900-тата година. Од тогаш е започната историјата на одгледување и денес Нов Зеланд е познат како водечки производител на киви во светот. Името потекнува од кафеавата птица која не лета, наречена „Киви“ и која е карактеристична за Нов Зеланд, а нејзината форма на телото потсетува на формата на ова кожено овошје.
Ова на широко познато и уникатно овошје не само што е многу декоративно, туку е и извонредно богато со хранливи состојки, што е причина да постојат бројни студии за здравствените и нутриционистичките придобивки од овошјето киви. Слаткиот вкус на кивито наликува на комбинација од банана, јагода и ананас и е посакуван речиси од сите луѓе. Предизвикува сочна свежина во усната шуплина и нуди широк спектар на здравствени придобивки преку составните хранливи материи како што фито-хемикалии, минерали и витамини кои промовираат здравје.
Плодот има влакнеста кафеава кора со зелено месо, а белата пулпа во центарот и малите црни семки му даваат уникатен изглед. Содржи многу висока количина на витамин Ц, повеќе од било кој друг плод. Кивито е зрело и најдобро да се јаде кога може нежно да се притисни, додека незрелите плодови имаат цврст централен дел и груб вкус. Може да се консумира како сурово овошје, како дополнително мезе во комбинација со риба или месо, салати, во пудинзи, пити или филови за торти.
Поради својата хранлива вредност и здравствени придобивки, кивите се идеални за намалување на телесната тежина и за добра општа здравствена состојба. Нутриционистички факти за киви кои потврдуваат за нивната голема корист:
Богати се со:
- витамин Ц
- растителни влакна
- калиум
- магнезиум.
Кивите имаат ниско ниво на:
- заситени масти
- натриум
- холестерол.
Во порција од 177 гр киви има:
- Калории – 108
- Витамин Ц – 133 мг
- Јаглени хидрати – 26 гр
- Диететски влакна – 5 гр
- Протеини – 2 гр
- Натриум – 5 мг
- Шеќер – 16 мг
- Калциум – 6%
- Витамин Е – 3%
- Железо – 3%.