Добрата хигиена е најважна при ракување со било каква храна. А, преземањето на неколку едноставни чекори може да го спречи размножувањето на микроорганизмите. Со цел да ја спречиме појавата на труење со храна ви споделуваме 9 совети за правилно ракување и подготовка на свежо месо.
Домашни маски за лице од свежо овошје
Во продавниците можете да најдете маски за секаква кожа и намена, но најдобро е истите да ги направите дома. На тој начин ќе бидете сигурни дека се добри за вашата кожа, без никакви хемикалии. Домашните маски за лице од свежо овошје се подготвуваат брзо и лесно, а посебно се пријатни во текот на летото бидејќи ја освежуваат кожата.
Крем салата и сос за сите сезони – брзо, свежо и вкусно
Од Млекара Тетово ни пристигна подарок пакетче со Кораб кисела павлака, па Катерина од нашиот тим припреми нешто вкусно и вели: „Омилена на сите генерации! Популарно кажано ,,kid friendly” или совршена и за најмалите дечиња, а воопшто не изостануваат и постарите! Ја нареков крем салата и сос за сите сезони, затоа што точно e до буква! Неизмерно уживаме и во лето и во зима, и ја јадеме навистина често! Вкусот е пријатен и пожелен и за попребирливите, гарантирано ќе ве освои!“.
Каква треба да биде бојата на свежото месо?
Во денешно време пазарот изобилува со многу намирници од различно потекло, па дилемата што да се избере е присутна кај секој. А кога станува збор за набавка на храна во летниот период треба да бидеме многу внимателни и да практикуваме избор од познати производители со долготајна традиција и квалитет. Мотивирани на оваа тема направиме кулинарско истражување кое ќе ви помогне и ќе ви го олесни изборот на свежо месо. Каква треба да биде бојата на свежото месо? Дали светлата или темната боја е знак за квалитет?
3 совети како да станете експерт за избор на најдобро свежо месо
Никој не сака да купи месо кое не е свежо, а особено не во некои свечени мигови кога сакаме нашата трпеза да заблеска во полн сјај. Ако често пати ви се случува да се двоумите и не сте сигурни како да препознаете дали месото е свежо или не, погледнете ги нашите совети и станете вистински експерт кој секогаш знае да избере најдобро свежо месо.
Печени свински ражничи во маринада
Знаете ли која е тајната на сочните ражничи кои ги служат во рестораните!? Што ако ви кажеме дека можете да приготвите уште посочни ражничи без многу труд? – Тајната се крие во изборот на свежо свинско месо од Агриа. Долги години сме задоволни корисници, па време е нашите кулинарски уживања и вештини да ги споделиме со вас!
5 најчести грешки кои ги правиме при пржење на месо
За вкусно свинско месо или кременадли не ни е потребна рерна секогаш, но под услов да се придржуваме до советите на врвните готвачи. За таа цел ќе споделиме неколку корисни совети. Така, доколку се избегнат грешките кои најчесто ги правиме при пржење на месо, тоа може да биде вкусно и сочно, исто како кога е печено во рерна.
3 кулинарски совети за подготовка на сочно свинско месо
Смути или свежо цеден сок?
Кога станува збор за здрава храна, овошјето и зеленчукот секогаш го имаат приматот на пиедесталот и се најважните состојки кои никогаш не треба да ги тргнеме од нашата дневна исхрана. Најважните витамини, минерали и хранливи состојки нашето тело најлесно ги конзумира преку плодовите, па токму затоа во комбинација со протеини и јаглехидрати, тие секогаш треба да ја исполнуваат барем половина од чинијата.
Чоколадна торта со ржано брашно без шеќер
Состојките кои ги содржи оваа чоколадна торта со ржано брашно и направена без шеќер се избрани за да биде што поздрава, да може да ја јадат што повеќе луѓе и да се уверат дека и здравото може да биде вкусно. Слободно може да им ја сервирате и на децата. Вкусот е многу пријатен и пожелен, па не го одбиваат, испробавме!