5 најчести грешки кои ги правиме при пржење на месо 1

5 најчести грешки кои ги правиме при пржење на месо

За вкусно свинско месо или кременадли не ни е потребна рерна секогаш, но под услов да се придржуваме до советите на врвните готвачи. За таа цел ќе споделиме неколку корисни совети. Така, доколку се избегнат грешките кои најчесто ги правиме при пржење на месо, тоа може да биде вкусно и сочно, исто како кога е печено во рерна.

Готвачите советуваат пред печење месото секогаш да се суши со бришење или доколку се одмрзнува, замрзнато да се остави неколку часа во фрижидер за да не биде влажно. Исто така, најдобро е месото да се посоли 45 до 60 минути пред неговата подготовка. Прочитајте до крај и научете многу повеќе за тоа кои се најчестите грешки, а многу лесно може да ги избегнеме и да уживаме во навистина вкусно приготвено месо. Да започнеме!

5 најчести грешки кои ги правиме при пржење на месо 2

Грешка број 1: Го одмрзнувате месото на погрешен начин

Како најдобра опција, секогаш препорачуваме да користите свежо месо. Но, доколку немате при рака, важно е замрзнатото месо да го одмрзнувате природно во ладна средина. Извадете го од замрзнувач и ставете го во сад со солена вода во фрижидер. На овој начин нема да се оформи кора на месото, како што е случај кога одмрзнувате во микробранова печка.

Грешка број 2: Го пржите месото додека е ладно

Дали ви се случило месото да го ставите директно од фрижидер во загреана тава? – Сигурни сме дека да! – А верувајте, не сте единствени! – Крајниот резултат од вака подготвеното месо со сигурност ќе ве разочара. Доколку сакате сочно месо, оставете го најмалку 15 минути на собна температура, но не и подолго од 1 час пред готвењето.

Грешка број 3: Месото го ставате во незагреана тава

Доколку тавата не е доволно загреана, месото ќе се залепи за неа и целата негова сочност ќе се изгуби. Врвните готвачи советуваат најпрво да ставите масло во тава која добро задржува топлина, па дури откако добро ќе се загрее да се стави месото.  Доколку пржите месо кое од едната страна има кожа, прво пржете го на таа страна.

Грешка број 4: Пребрзо ги вртите парчињата

Месото треба да се заврти на другата страна откако ќе престане да се лепи за тавата. Тоа ќе го проверите така што нежно ќе го подигнете од површината со помош на виљушка или друг кујнски алат. Доколку има потемна боја и не се лепи, тогаш е време да го завртите на другата страна. Само на тој начин ќе добиете месо со крцкава кора.

Грешка број 5: Премногу ја зголемувате или намалувате температурата на шпоретот

Температурата на готвење треба да биде посилна на почеток, додека месото се запече, а потоа треба да се намести на средна јачина. Додека се пржи, не треба да се оддалечувате од кујната, но не треба и постојано да го чепкате, вртите или боцкате месото, бидејќи нема да биде доволно вкусно. Откако месото ќе биде готово, изгасете го шпоретот и тргнете ја тавата од оган за да не се исуши.

Наша препорака:

Ако сакате да уживате во највкусно свинско на трпезата, набавете си свежо месо од Агриа. Го препорачуваме како производ со врвен квалитет, кој се должи на принципот од „нива до трпеза“. Или со други зборови, од Агриа имаат свои фарми, кланица и фабрика за производство на сточна храна. Штом еднаш ќе го пробате свежото месо од Агриа, сигурни сме дека тоа ќе биде ваш прв избор. Посетете некоја од нивните месарници ширум земјата или побарајте го во Тинекс маркетите и на здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: 3 кулинарски совети за подготовка на сочно свинско месо.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: