сочно свинско месо

3 кулинарски совети за подготовка на сочно свинско месо

Секој сака да знае како да приготви сочно свинско месо, но често пати се случува тоа да биде суво и тегаво. Дали треба да се направи маринада, какво месо да се избери за подготовка, на која температура се приготвува? Ги побаравме најдобрите совети од искусните готвачи и ги споделуваме со вас!

Кулинарските совети кои се пренесувале низ генерациите се секако незаменливи, но некои трикови од вештите готвачиод вас можат да направат вистински експерт во кујната. Професионалните готвачи грижливо ги чуваат кулинарските тајни и ги делат само со своите ученици. Но, сепак некои од нив може да се откријат! Така, во продолжение ви ги претставуваме најдобрите совети за подготовка на совршено свинско месо кои ќе ви го олеснат секојдневието во кујната, а ќе го зголемат уживањето на трпезата.

сочно свинско месо

Секогаш користете свежо свинско месо 

Свежото месо има бројни придобивки во споредба со замрзнатото. Најважно од се е тоа што е похранливо, текстурата е подобра и маринадата полесно се впива во месото. При изборот купувајте свежо месо од домашни производители, а наша препорака се Агриа. Месото е со врвен квалитет, кој се должи на принципот од „нива до трпеза“. Од Агриа имаат свои фарми, кланица и фабрика за производство на сточна храна. Штом еднаш ќе го пробате свежото месо од Агриа, сигурни сме дека тоа ќе биде ваш прв избор!

Свинското месо ставете го во солена вода за време од 1 час пред печењето

Дали месото го печете подолго, а по печењето е без посакуваниот вкус и арома? За да ја избегнете таа појава, европските готвачи препорачуваат пред печење месото да се потопи во маринада или уште поедноставно во солена вода. За таа цел, во 1 литар вода додајте ¼ чаша сол, а по желба може да додадете и ½ чаша шеќер. Месото ставете го во солениот раствор и оставете го во фрижидер. Притоа, треба да знаете дека времето на маринирање во солениот раствор зависи од големината на парчето месо. Од прилика, еден килограм месо треба да се маринира околу 1 час, но никако не смее да се чува повеќе од 8 часа или помалку од ½ час. Пред подготовката, потребно е месото кратко да се измие под млаз вода, за да се отстранат остатоците од солта, со цел за да се спречи неговото пресолување.

Сакате сочно месо? Печете го на ниска температура

Прв чекор е изборот на свежо свинско месо. Втор чекор е маринирањето. Месото се маринира со цел, при термичката обработка да изгуби што помалку вода, а притоа да прими и некои нови и интересни вкусови. При маринирањето се прави промена во текстурата и во вкусот на самото месо. А за совршено сочно месо многу важен е и третиот чекор, односно процесот на печење. Печењето на месото треба да биде на ниска температура и да се печи што подолго време. Ако сакате да приготвите гурмански специјалитет, парчињата маринирано месо наредете ги во тава и покријте ги со капак. Печете ги на температура од 150 до 180 степени за време од 1 час. Потоа извадете го капакот и продолжете со печењето уште 1 час (времето на печење зависи од големината на парчињата месо). За време на печењето, месото полевајте го со сосот од тавата. Едноставно, зарем не?

За сите новости и акции посетете ја новата веб страница на Агриа и следете ги на нивната фан страница на Facebook.

Ви препорачуваме да прочитате: Печено свинско месо во сос од бело вино.

*Спонзориран текст.

Сподели: