Кое е најпрепознатливо македонско јадење? Јадење кое го обожаваат туристите, јадење со кое може да се гордееме? – Тоа е тавче гравче, традиционален специјалитет кој се прави во посна варијанта, но, исто така се приготвува со ќофтиња, колбаси или чадено месо, сланина… А како да го направиш највкусното тавче гравче со сланина?
Заедно со Агриа ги споделуваме најдобрите традиционални рецепти. Продолжи со читање и дознај го рецептот кој го правиме неколку години.

Состојки:
- 500 грама грав
- 1 главица кромид
- 2 суви црвени пиперки
- 200 г сланина или друго чадено месо по избор од Агриа
- 2 лажици масло
- 1 лажица црвена пипер
- Сол и мелен црн пипер по вкус
- Буковска пипер
- Сушено нане.
Подготовка:
- Исчистениот грав се мие и се става во тенџере со ладна вода. Се остава да отстои преку ноќ. Потоа се цеди.
- Во тенџере на оган, се ставаат 3-4 литри вода и се додава исцедениот грав. Штом водата зоврие, гравот повторно се цеди.
- Во тенџерето се додаваат 3-4 литри вода и гравот. Се додаваат и излупената главица кромид и сувите пиперки. Гравот се вари додека омекне, а по потреба се додава вода.
- Кон крајот, се вадат кромидот и пиперките. Истите се пасираат.
- Во тава на оган се става маслото и се додаваат лентите сланина. Сланината се пржи од двете страни за време од 2-3 минути по страна. Сланината се вади од тавата.
- Во тавата се додаваат кромидот, црвените пиперки и црвениот пипер. Се запржуваат зеленчуците, а потоа се додаваат во тенџерето со гравот. Гравот се зачинува со сол, мелен црн пипер, буковска пипер и суво нане.
- Во тава (најдобро е да користите земјени тави) со помош на перфорирана лажица се става гравот. Важно е да нема многу течност – за да се добие густ грав.
- Тавата се става во загреана рерна на 250 степени и гравот се потпекува околу 10-15 минути. Кон крајот се додава сланината и се продолжува со печењето уште 5-10 минути.
- Готовото тавче гравче со сланина се служи додека е топло, но подеднакво е вкусно и ладно. На здравје!
Совети плус:
- Времето на варење зависи од гравот кој го користите. Домашниот, тетовски грав, се вари побрзо за разлика од гравот кој често се продава по маркетите.
- Ако го правите со друго чадено месо, при запржување ставете поголема количина на масло (околу 50 мл).
- А дали знаеш дека во месарниците на Агриа можеш да пронајдеш различни сувомеснати производи? Колбаси, чадено месо од нивно, домашно производство? – Посети ги месарниците на Агриа во Битола, Штип и Велес и набави си домашно, свежо свинско месо, како и месни преработки. Да ги поддржуваме македонските компании и македонската економија. Нашето е најдобро!

Може да те интересира: Кременадли во кремаст сос со лук и пармезан.
*Рецептот е овозможен од Агриа.
