Пица со колбаси и сланина

Ова е специјалитет кој лесно се подготвува и не ви се потребни посебни кулинарски вештини! Oд „морето“ рецепти за пица, ви предлагаме нешто поразлично кое веруваме дека ќе ви се допадне и тоа како! Припремете се за сочен вкус и неодоливо мезење пица со колбаси и сланина, вкусна и совршена за сите генерации и сите љубители на вкусни дружби!

печени колбаси со сланина и кашкавал

Печени колбаси со сланина и кашкавал

Го имаме наједноставниот и највкусниот рецепт за подготовка на колбаси. Супер идеја за брз ручек или мезе за пријателите. Печени колбаси со сланина и кашкавал, одлични во комбинација со чаша пиво. Направете ги и почастете се со најблиските со едноставен и вкусен специјалитет.

ѓевречиња со сланина

Ѓевречиња со сланина

Супер и тренди рецепт на кој нема да останете рамнодушни и да не ги направите популарните ѓевречиња со сланина. Меки и многу вкусни, а лесни за подготовка. Ве охрабруваме да ги деустирате иако можеби не сте многу вешти во кујната.

Замотани полпети од мелено месо во сланина 1

Замотани полпети од мелено месо во сланина

Ова е супер идеја која може да ја искористите за ручек или за вкусно и декоративно мезе кое ќе им се допадне на сите од друштвото! Ако не сте пробале досега, ова е идеална прилика да ги изненадите саканите и пријателите со вкусни и сочни полпети од мелено месо во сланина!

Полнети печени компири со кашкавал и сланина

Кој не ги обожава компирите? Може да се приготвуваат на различни начини, како пире, пржени, печени или варени. Ако сте во потрага по брз рецепт за ручек или вечера, имаме да ви предложиме нешто ново. Пробајте ги полнетите печени компири со кашкавал и сланина!

Сланина во карамелизиран сос од пиво и мед 1

Сланина во карамелизиран сос од пиво и мед

Мезе за секоја пригода! Не е тешко за правење, а е многу вкусно за јадење. Ако не знаете со што вкусно да го изненадите друштвото, еве една идеја за сланина во карамелизиран сос. Полн погодок е, ќе видите!

Врзани кифлички со сланина 1

Врзани кифлички со сланина

Оваа убава идеја ни доаѓа од кујната на нашата пријателка Лана од блогот Кuhinjica Mignone.  Таа ни кажа дека откако еднаш ќе го пробате неодоливиот вкус на врзани кифлички со сланина, ќе посакате што почесто да ги правите.

Пица од шпагети 1

Пица од шпагети

Сте јаделе ли досега пица од шпагети, колку едноставна идеја, но некој треба да се сети да ја направи нели? Имаме одличен рецепт за вас, препорачуваме да го пробате што поскоро.

Мини погачици со кашкавал и сланина

Ова е лесен и брз рецепт за мини погачици со кашкавал и сланина. Идеален е за сите кои не сакаат да виткаат кифлички, тегнат мазници и слично. Изгледаат толку вкусно, што веднаш ќе посакате да ги пробате.

Домашни тортелини во сос од сланина и пармезан по италијански рецепт

Вкусен италијански специјалитет за целото семејство! Ако сакате да направите нешто вкусно, тогаш вреди да издвоите време и да направите домашни тортелини во сос од сланина и пармезан по италијански рецепт.