Пица со колбаси и сланина

Ова е специјалитет кој лесно се подготвува и не ви се потребни посебни кулинарски вештини! Oд „морето“ рецепти за пица, ви предлагаме нешто поразлично кое веруваме дека ќе ви се допадне и тоа како! Припремете се за сочен вкус и неодоливо мезење пица со колбаси и сланина, вкусна и совршена за сите генерации и сите љубители на вкусни дружби!

А за да ја направите највкусната пица со колбаси и сланина ви препорачуваме да ги набавите домашните македонски колбаси од Агриа. Во нивните месарници (Велес, Битола и Штип) се достапни различни типови на колбаси од нивно производство. Може да најдете скараџиски, селски, домашни, барени колбаси, како и различни месни преработки. Кои и да ги изберете сигурни сме дека совршено ќе се вклопат во подготовката на пиците. А за сите новости и акции посетете ја веб страницата на Агриа и следете ги на Facebook и Instagram.

Пица со колбаси и сланина

Состојки:

За тесто:

  • 500 г брашно
  • 1 јајце
  • 1 ќесичка сув квасец
  • 1 чаша свежо млеко
  • 2 лажици кисело млеко
  • 2 лажици масло
  • ½ лажичка сода бикарбона.

За фил:

  • 150 грама колбаси по избор од Агриа
  • 2-3 лажици доматен сос
  • 100 г сланина
  • 50 г сечкани шампињони
  • 200 г рендан кашкавал
  • сол по вкус
  • мајчина дишица и/или оригано по вкус.

Подготовка:

  1. Во подлабок сад ставете ги брашното, јајцето, млекото, киселото млеко и маслото. Додајте ги содата бикарбона и квасецот, и замесете тесто. Покријте го тестото со најлонска фолија и оставете го на топло место да нарасне до двојна големина.
  2. Колбасите и сланината исечкајте ги на парчиња и ставете ги во посебен сад.
  3. Тестото поделете го на 2 топчиња со еднаква големина. На набрашнета површина расукајте ги топчињата во форма на круг.
  4. Секое од тестото за пица ставете го во тава претходно обложена со хартија за печење.
  5. Одозгора премачкајте со доматен сос и посипете мајчина душица и/или оригано по вкус.
  6. Врз корите наредете парчиња колбаси и сланина и покријте ги со рендан кашкавал. Врз кашкавалот ставете исечкани шампињони и неколку тенки полукругови од домат по желба.
  7. Вака подготвените пици ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 250 степени, околу 10-12 минути.

Совети плус:

  • За да заштедите на време, можете да користите и готово тесто за пица.
  • Ако сте љубители на пикантни јадења, додајте и чили сос.
Агриа

Ви препорачуваме да прочитате: Печени колбаси со сланина и кашкавал.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Поддржан рецепт.

Сподели: