Пролетта е тука и мами за вкусни дружби! Па, сакате ли совршено вкусен рецепт? – На вистинското место сте! Направете си печени свински ребра со пиво, цело друштво ќе ги обожава. Сигурни сме, откако ќе ги пробате често ќе бидат на вашата трпеза.

Знаете што е најдобро кај овој американски гулаш? – Превкусен е, а за подготовката ви е потребен само еден сад за готвење. Нема потреба да валкате многу садови и да поминувате неколку часа во кујната. Би рекле дека е совршен рецепт за ручек или вечера кој ќе ги израдува сите членови на семејството. Едноставен за подготовка и со фантастичен вкус кој ќе ве мами да побарате уште една порција!
Одлична идеја за малку несекојдневен ручек! Понекогаш е добро самите себе да си овозможиме мали „третмани“, па макар било тоа и чинија добра храна. Направете свински медаљони во сос од печурки кои совршено се надополнуваат со изобилството на зеленчуци со кои може да комбинирате. Секој би сакал да проба, нели?
„Брзо, едноставно и вкусно! Овие ќофтиња од пилешко месо и грашок вреди да се најдат на вашето мени. Ако сакате да го воодушевите семејството со некое ново јадење, пробајте ги овие ќофтиња! Подготовката е многу лесна, а вкусот многу добар, па верувам дека веднаш ќе ве освојат! – препорачува Катерина од нашиот тим.
Ако обожавате ќофтиња од месо, сигурно ќе ви се допадне оваа идеја! Вака правеле нашите баби, па ако ви се случило да ви останат неколку ќофтенца од ручекот, многу брзо и лесно можете да направите ново јадење кое ќе им се допадне на сите дома. Овој прекрасен рецепт за ќофтиња во црвен ориз се прави традиционално во многу македонски краеви, а ние го најдовме припремен од нашата пријателка Лана, на нејзината страна Kuhinjica mignone.