Совршено вкусни! Печени свински ребра со пиво!

Пролетта е тука и мами за вкусни дружби! Па, сакате ли совршено вкусен рецепт? – На вистинското место сте! Направете си печени свински ребра со пиво, цело друштво ќе ги обожава. Сигурни сме, откако ќе ги пробате често ќе бидат на вашата трпеза.

Имаат одличен вкус, а може да ги послужите со гарнир или свежа салата по избор. Па, ако немате идеја што вкусно да подготвите денес, пробајте ги, нема да згрешите!

Печени свински ребра со пиво

Состојки:

За маринада:

  • сок од 1 лимон
  • 2 лажички мед
  • 1 лажица сенф
  • 1 лажица кечап
  • 2 лажици соја сос

За прелив:

  • 50 мл пиво.

Подготовка:

  1. Свинските ребра исечете ги на парчиња.
  2. Во сад измешајте ги исцедениот сок од лимон, медот, сенфот, кечапот и соја сосот.
  3. Ребрата ставете ги во сад и прелијте ги со маринадата. Убаво измешајте ги, покријте ги со најлонска фолија и оставете ги да отстојат.
  4. Во тава за печење наредете ги маринираните свински ребра и прелијте ги со пиво. Покријте ја тавата со алуминиумска фолија и ставете ја во претходно загреана рерна на 180 степени. Печете околу 60 минути.
  5. Потоа извадете ја фолијата, свртете ги ребрата и вратете ги во рерната додека добијат убава боја.
  6. Готовите свински ребра послужете ги со гарнир или салата по избор. На здравје!

Наша препорака:

Ако сакате да направите печени ребра од кои коската сама се одвојува, а месото е сочно и вкусно, важно е да користите квалитетно свинско месо. На тој начин маринадата полесно ќе се впие во месото, ќе има подобар квалитет, а и вкусот ќе биде подобар. Кога станува збор за свежо свинско месо, ви препорачуваме да ги посетите Агриа. Во месарниците на Агриа, Рамстор и Тинекс маркетите може да најдете свежи свински ребра, како и свински кременадли, каре, бут, плешка, врат… од домашно производство. Агриа имаат свои фарми, кланица и фабрика за производство на сточна храна, и работат по принципот „од нива до трпеза“. Секогаш свежо и со премиум квалитет!

Агриа печени свински ребра

Ви препорачуваме да прочитате: Како да направите печени свински ребра со совршен вкус?

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: