како да направите печени свински ребра со совршен вкус

Како да направите печени свински ребра со совршен вкус?

Ги подобруваме вашите кулинарски вештини! Овој пат споделуваме корисни совети за подготовка на печени свински ребра. Што е најважно при подготовката? Дали треба претходно да се маринираат или зачинат? На која температура треба да се печат? – Продолжете со читање и дознајте ги малите трикови кои прават големи промени и го подобруваат вкусот на месото. А сочни печени ребра секој би сакал да проба, зарем не?

Ароматични, меки во внатрешноста, а со крцкава кора! Кој може да одолее? Направете ги во првата прилика и воодушевете ги дегустаторите околу вас!

како да направите печени свински ребра

Свинските ребра може да се подготват на различни начини, но најчесто се печат во рерна или на скара. Како и да ги подготвувате, ребрата ќе бидат повкусни и посочни доколку пред подготовка ги маринирате. Благодарение на разновидните зачини и зеленчуци кои се користат за маринирање, месото добива нова нота на вкусови и ароми.

Каква маринада да направите?

Маринадата за свинските ребра треба да содржи кисели состојки како вино, пиво, оцет или лимонов сок. Потоа, неизоставен дел се маслото (маслиново или сончогледово по ваш избор), зачините и зеленчуците кои му даваат арома на месото. Исто така, за маринирање може да се користат и различни видови на сосови како соја или ворчестер сос.

Зачините се задолжителен дел од маринадата за свинско месо. Најчесто се користат рузмарин, жалфија, сушено оригано, кумин, сечкан ловоров лист и црн пипер во зрно. На крај, маринадата се меша и се зачинува со сол по вкус. Колку подолго ребрата ги чувате во маринадата, толку посилен ќе биде нивниот вкус.

Може да ве интересира: Што е маринада и како се користи за маринирање на свинско месо?

Колку долго треба се печат свинските ребра?

Времето за печење зависи од количината на свински ребра, но и од рерната или скарата во која ќе подготвувате. Маринираните свински ребра се печат околу 35-40 минути на скара или околу 45-50 минути во рерна. За да направите совршено печени свински ребра, прво печете ги под фолија или капак во загреана рерна на 200-220 степени околу 40 минути. Потоа, отстранете ја фолијата и печете уште 10-15 минути за да добиете крцкава кора.

Совет плус:

За да добиете ребра со најдобар вкус, важно е да користите свежо свинско месо. На тој начин маринадата полесно ќе се впие во месото, истото има подобар квалитет, а со тоа и вкусот на печените ребра ќе биде подобар. Кога станува збор за свежо свинско месо, ви препорачуваме да ги посетите Агриа. Во месарниците на Агриа, Рамстор и Тинекс маркетите може да најдете свежи свински ребра, како и свински кременадли, каре, бут, плешка, врат… од домашно производство. Агриа имаат свои фарми, кланица и фабрика за производство на сточна храна, и работат по принципот „од нива до трпеза“. Секогаш свежо и со премиум квалитет!

Ве мотивиравме да приготвите ребра? – Ако барате добар рецепт ви препорачуваме да прочитате: Печени свински ребра со зачини.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: