печени ароматични свински ребра

Печени свински ребра со зачини

Подгответе трпеза со која ќе го израдувате секој гурман! Направете печени свински ребра со зачини кои се топат во уста. Се подготвуваат на лесен и едноставен начин, а може да ги послужите со гарнир по ваша желба.

Се прашувате како да ги подготвите највкусните печени свински ребра? – На вистинското место сте. Имаме одличен рецепт кој ќе ве воодушеви и вас и вашите најблиски. Подгответе го во прва прилика!

печени ароматични свински ребра

Состојки:

  • 2.5 кг свински ребра од Агриа
  • 120 мл бел вински оцет
  • 1 лажичка сув рузмарин
  • 1 лажичка мајчина душица
  • 250 мл лут кечап
  • 100 г мед
  • 1 лажичка оригано
  • сол по вкус.

Подготовка:

  1. Свинските ребра измијте ги и исушете ги. Исечете ги на парчиња и ставете ги во тава за печење, па посолете ги.
  2. Во посебен сад ставете оригано, мајчина душица и рузмарин. Додајте бел вински оцет и измешајте ги состојките.
  3. Добиената мешавина прелијте ја преку ребрата и со раце истријте ги зачините во месото.
  4. Вака подготвените ребра ставете ги во претходно загреана рерна на 160 степени. По 60 минути, свртете ги ребрата и печете уште 90 минути.
  5. Пред крајот на печењето, во тавата додајте кечап и мед и промешајте. Кога ќе биде готово, извадете ја тавата од рерна. Ребрата премачкајте ги со сосот од тавата и вратете ги во рерна уште 10 минути.
  6. Готовите свински ребра послужете ги додека се топли со гарнир по желба. На здравје!

Наша препорака:

Вака подготвените свински ребра се превкусни и сигурни сме дека ќе ги направите во прва прилика. А за подготовка на рецептот ви препорачуваме да ги пробате свинските ребра на Агриа. Од Агриа имаат ребра, а и други видови месо со врвен квалитет. Агриа имаат свои фарми, кланица и фабрика за производство на сточна храна, и работат по принципот „од нива до трпеза“. Штом еднаш ќе го пробате свежото месо од Агриа, сигурни сме дека тоа ќе биде ваш прв избор! Затоа, следен пат набавете свежо свинско месо од месарниците на Агриа или маркетите на Тинекс и Рамстор.

печени свински ребра

Ви препорачуваме да прочитате: 5 совети за совршено печено месо.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: