печење на месо

5 совети за совршено печено месо

За претстојните празници ќе приготвувате богата трпеза? – Прочитајте ги нашите совети за подготовка на совршено печено месо и изненадете ги најблиските со вашите кулинарски вештини. Подготвено на овој начин месото ќе биде сочно, со прекрасна боја и меко. Еве дел од советите на врвните готвачи за печење на месо.

Иако печењето месо изгледа како лесна задача при што само го ставате во рерна и печете, тоа не е секогаш така. Сигурно ви се случило месото да биде суво и тегаво. А, како да приготвите печено месо како од ресторан? – Продолжете со читање и дознајте ги малите кујнски трикови.

совети за печење на месо

Изберете квалитетно месо

За да подготвите совршено вкусно печено месо кое ќе го обожаваат сите, најважно е да изберете квалитетно месо. Набавете свежо свинско или телешко месо од Агриа. Месото е со врвен квалитет кој се должи на принципот од „нива до трпеза“. Ние долги години сме задоволни корисници, па затоа и ги препорачуваме. Посетете ги месарниците на Агриа во Велес, Штип и Битола и набавете си квалитетно и свежо месо. Месото од Агриа може да го најдете во Тинекс и Рамстор маркетите.

Користете капак или фолија за печење на месото

Печењето на месото со капак или фолијата му овозможува да остане сочно и меко одвнатре. За да добиете месо со убава румена боја и крцкава кора, извадете го капакот/фолијата 10-15 минути пред вадењето на месото од рерна.

После печење, месото покријте го со хартија за печење и кујнска крпа

За месото да остане сочно и меко, откако ќе го извадите од рерна покријте го со хартија за печење и чиста кујнска крпа. Вака покриеното месо оставете го да отстои околу половина час. Потоа, со помош на нож исечете го месото на парчиња спротивно од мускулните влакна.

Месото исечете го на парчиња откако ќе се излади

Сакате да испечете поголемо парче месо, а да биде меко и сочно? – После печењето оставете го да се излади. Еве зошто: месото се состои од паралелни мускулни влакна, па доколку го пресечете преку нив, ќе добиете парчиња кои се видливо помеки. Многу е важно месото пред сечење да го оставите одреден временски период да отстои. Во спротивно, доколку го пресечете веднаш после печење, од него ќе истечат сите сокови, бојата нема да биде изедначена, а месото ќе биде тврдо. Па така, оставањето на месото да се излади после печење е клучно за рамномерно распоредување на соковите низ целото месо, да има изедначена и привлечна боја и да е меко, а со тоа и вкусно.

совети за печено месо 2

Печеното месо сечете го на тенки парчиња

Месото сечете го на тенки парчиња, на тој начин тоа ќе има помека структура. Исто така, секогаш месото сечете го така што виљушката ќе ја ставите пред ножот, а не обратно.

Топ 5 празнични рецепти со печено месо

И за крај, за да ја збогатите празничната трпеза ви предлагаме да ги приготвите следните рецепти:

Ви препорачуваме да прочитате: 3 совети како да станете експерт за избор на најдобро свежо месо.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: