Печено свинско на егзотичен начин 1

Печено свинско на егзотичен начин

Совршен семеен неделен ручек или пак вистинска гозба со пријателите! – Печеното свинско месо е неизбежно во нашата традиција и култура, па често наоѓа место на трпезите. Споделуваме со вас еден малку поинаков рецепт за печено свинско на егзотичен начин кој сигурни сме дека ќе ве воодушеви уште при првиот залак. Освежителната цитрусна нота е вкус кој е тешко да се опише, а најубаво е да се доживее. Нешто што мора да се проба!

Овој рецепт претставува спој на традиционалната и модерната кујна. Нешто ново, подеднакво добро и вкусно. Доколку и вие сакате да пробувате нови нешта во кујната пробајте го нашиов рецепт и споделете со нас како ви се допадна.

Печено свинско на егзотичен начин 2

Состојки:

  • 700 г свински бут од Агриа
  • лук по потреба
  • маслиново масло по потреба
  • 2 портокали
  • 1 лимон
  • мешан сув зачин по вкус
  • црн пипер по вкус
  • неколку гранчиња рузмарин
  • 200 мл бело вино.

Подготовка:

  1. Портокалите и лимонот добро измијте ги и исечете ги на половина, па на тенки кришки.
  2. Свинското месо зачинете го така што добро ќе го истриете со мешаниот сув зачин, лукот и црниот пипер.
  3. Потоа засечете го на повеќе места, така што ќе направите неколку паралелни линии и втријте го маслиновото масло, па наредете од претходно припремените парчиња портокал и лимон. Додајте и неколку гранчиња рузмарин по вкус.
  4. Вака припременото свинско месо ставете го на плех за печење и прелијте го со бело вино.
  5. Печете го во претходно загреана рерна на 150 степени, околу 70 минути, додека добие убава румена боја, а внатрешноста на месото стане мека.
  6. Печениот свински бут оставете го кратко да се излади за време од околу 15- 20 минути, па исечете го на парчиња и послужете го со гарнир и сос по ваша желба. На здравје!

Наша препорака:

Изберете квалитетно свежо свинско месо – свински бут, кој препорачуваме да го набавите од Агриа. Посетете ги нивните месарници ширум земјата или побарајте го нивното месо од Тинекс и Рамстор маркетите.

Ако се прашувате зошто ви ги препорачуваме токму нив, има причина. Свежото свинско месо им е со врвен квалитет, кој се должи на принципот од „нива до трпеза“. Од Агриа имаат свои фарми, кланица, фабрика за производство на сточна храна и лесно достапни месарници. Пробајте го свежото месо од Агриа, нема да згрешите!

Печен ролат од свинско месо 3

А, за сите новости и акции посетете ја новата веб страница на Агриа или следете ги на фан страницата на Facebook.

Ви препорачуваме да прочитате: 3 кулинарски совети за подготовка на сочно свинско месо.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: