Здрава чоколадна торта мала

Здрава чоколадна торта со портокали и лешници – од кујната на Марија Кочовска

Фантазија од вкусови! Ви припремив вкусна и здрава чоколадна торта која ќе го освои сечиј вкус! Ароматичната кора и сокот од портокал му даваат посебна свежина на интензивното темно чоколадо и крцкавите лешници, додека румот и ванилата додаваат топла и пријатна нота. Едноставно, совршена!

Испробај ја во прва прилика и препушти се на слаткото уживање!

Здрава чоколадна торта со портокали

Состојки:

  • 2 лажици мед
  • 200 г потпечени мелени лешници
  • 200 г мелени овесни снегулки
  • 2 лажички екстракт од рум
  • 2 лажички екстракт од ванила
  • 2 лажички путер од лешници
  • кора од 2 портокали
  • свеж цеден сок од 2 портокали
  • 300 грама темно чоколадо.

Подготовка:

  1. На крупната страна од рендето изрендајте 200 г чоколадо.
  2. Кората од портокалот изрендајте ја на ситната страна од рендето. Потоа, портокалот исцедете го.
  3. Во сад на оган ставете го медот да се загрее. Потоа, садот тргнете го од огнот. 
  4. Во длабока чинија ставете ги овесните снегулки, чоколадото, кората од портокалите и лешниците. Измешајте со лажица. Во садот додајте ги сокот од портокалот, екстрактите од рум и ванила, медот и путерот од лешници. Измешајте убаво.
  5. Од смесата формирајте торта во калап бр. 16. Оставате ја тортата да се стегне за време од 1 час.
  6. Преостанатото чоколадо растопете го на пареа. Тортата прелијте ја со растопеното чоколадо. По желба декорирајте со парчиња портокал. Погледни го видеото од подготовката. На здравје!

Препорака од авторот:

Ти се допадна овој рецепт? Посети ги моите профили и заследи ме:

Здрава чоколадна торта

Испробај го и рецептот здрава торта од моркови.

Сподели: