Печен пилешки стек со кашкавал – гурмански специјалитет

Сакаш убаво јадење со нов вкус?! – Имаме баш такво на менито денес, за домашните и за честење, совршено во секоја смисла! А, од време на време, на сите ни се случува да немаме идеја што да подготвиме за ручек. Па, не очајувај, тука сме да ти помогнеме. Пробај печен пилешки стек со кашкавал, идеален предлог за промена на менито!

Брз и вкусен ручек за сите кои немаат многу време за готвење. Погледнете кои состојки ви се потребни и како лесно да подготвите гурманско уживање за сите.

Печен пилешки стек со кашкавал – гурмански специјалитет

Состојки:

  • 2 парчиња пилешки стек
  • 200 г кашкавал
  • 1-2 домати во зависност од големината
  • неколку свежи листови босилек
  • 2-3 чешниња лук или лук во прав по желба.
  • сол и црн пипер по вкус
  • маслиново масло.

Подготовка:

  1. Ставете ги пилешкото месо на даска за сечење. Со остар нож засечете го стекот на 4-5 места попречно.
  2. Кашкавалот исечете го на потенки парчиња. Доматите исечкајте ги на кругови, а потоа секој круг пресечете го на половина. Лукот ситно исечкајте го.
  3. Во секој засек на пилешкото месо ставете парче кашкавал, половина парче домат и 1 лист свеж босилек. Обидете се наизменично да ги менувате парчињата на додатоците за да изгледа убаво.
  4. Садот за печење премачкајте го со маслиново масло или ставете хартија за печење. Ставете ги подготвените парчиња стек и прелијте ги со малку масло.
  5. Врз стекот ставете го сечканиот лук и зачинете по вкус.
  6. Ставете да се печи во претходно загреана рерна на 200 степени, додека стекот добие убава боја.
  7. Готовиот печен стек сервирајте го со гарнир по желба и послужете го. На здравје!

Совети плус:

  • Количината на состојките може да ја прилагодите според потребите.
  • Подготвеното пилешко месо може да го чувате во херметички затворен сад и во фрижидер два до три дена.

Ви препорачуваме да прочитате: 4 проверени начини за највкусно пилешко месо.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: