Пилешки бургери со печено крцкаво месо – од кујната на Марија Кочовска

Време е за домашен Food Corner! Летото е идеално за дружба со домашни пилешки бургери кои се превкусни! Толку меки и сочни! Месото се приготвува со печење, а за 30-тина минути ќе имате бугери за целото друштво. Имаат помал број на калории, се прават брзо, а верувајте ќе бидат омилени на вашата трпеза. Крцкави од надвор, а сочни од внатре! Снимив и видео од подготовката и те предизвикувам да ги испробаш во прва прилика. 

Печени пилешки копанчиња во кремаст сос

Печени пилешки копанчиња во кремаст сос

Сочни печени пилешки копанчиња во кремаст сос, дали сте пробале ваков специјалитет? Ако вашиот одговор е Не, тогаш ви препорачуваме да го направите и дегустирате што поскоро. Нема да ви одземе многу време, а потребен ви е само еден сад за подготовка. Звучи совршено, зарем не?!

Печен пилешки стек со кашкавал – гурмански специјалитет

Сакаш убаво јадење со нов вкус?! – Имаме баш такво на менито денес, за домашните и за честење, совршено во секоја смисла! А, од време на време, на сите ни се случува да немаме идеја што да подготвиме за ручек. Па, не очајувај, тука сме да ти помогнеме. Пробај печен пилешки стек со кашкавал, идеален предлог за промена на менито!

Од кујната на Марија – Запечена тава со пилешко, компири и златна мешавина

„Ова е еден од моите омилени рецепти! Превкусна комбинација на пилешко, компири, златна мешавина и кари зачин. Често го правам штом ми се најават гости на ручек или вечера, а верувајте дека сите го обожаваат! Ја поканив Катерина на дегустација и заедно снимивме кратко видео од подготовката на оваа запечена тава со пилешко. Таа го оцени рецептот со чиста 10-ка, па зошто да не го испробате рецептот што побрзо? Оваа интересна комбинација ја пробав во ресторан на туристичко место и многу ми се допадна. Едноставни состојки, а толку многу вкусно! Направив своја верзија на рецептот, кој стана традиционален и омилен. – вели Марија, фудблогер и уредник на нашиот сајт. 

Пикантни пилешки копанчиња од крилца со Бафало сос

Пикантни пилешки копанчиња од крилца со Бафало сос

„Ова е најдобриот рецепт за подготовка на пилешки копанчиња од крилца! Дома сите ги обожаваат, па одлучив да снимам кратко видео од подготовката и да ве поканам да го испробате рецептот во првата прилика. Верувајте ми, една доза ќе биде малку. Ако обожавате пилешко месо и сте љубители на лута храна, ова е вистинскиот рецепт за вас. Пикантен специјалетет кој ќе ве воодушеви, а она што го прави посебен е познатиот американски сос. “ – вели Марија Кочовска уредник и фудблогер од нашиот тим.

печен пилешки стек со бадеми

Печен пилешки стек со бадеми

Пилешкото месо на многумина им е едно од омилените јадења, а покрај одличниот вкус, неговата предност е во тоа што брзо се приготвува. Убаво е да знаете дека не мора да бидете професионален готвач за да создадете магија во кујната. А за да ви помогнеме, ви прикажуваме како на едноставен начин да направите вкусен пилешки стек со бадеми и да ги почестите вашите пријатели со неверојатен специјалитет.

Брз рецепт за печени пилешки копанчиња

Едноставните рецепти се најубави, нели? Секогаш кога сме во брзање и сакаме да приготвиме нешто вкусно, прв избор ни се пилешките кратки копани. Ги правиме на најразлични начини, маринирани, печени на скара, похувани, печени во рерна со зачини… Идеите се многубројни, а во оваа прилика споделуваме уште еден лесен рецепт за печени пилешки копанчиња. Го препорачуваме за сите кои немаат многу време за готвење или пак кулинарско искуство, но сепак сакаат да уживаат во оброци кои се подготвени дома.

пилешки копанчиња

Пилешки копанчиња со крцкава ароматична кора

Овој едноставен рецепт за печени пилешки копанчиња е идеален за денови кога ви треба брз и вкусен ручек. Сè што треба да направите е да ги премачкате со ароматичен прелив, да додадете зачини и да ги ставите во рерна.

Крцкави копанчиња од крилца

Вечер има фудбалски натпревар кој ќе го гледате со пријателите, а не знаете какво мезе да подготвите? – Имаме одлична идеја. Направете крцкави копанчиња од крилца кои се одлична закуска или мезе во комбинација со ладно пиво.

котлета на киевски начин

Котлети на киевски начин

Дегустирајте уште еден специјалитет од интернационалната кујна! Пригответе сочни котлети на киевски начин. Рецептот го подготви Анжелика, наша пријателка и членка во групата на Сѐ за храна. Изгледа преубаво и се чини дека е многу вкусно, па затоа решивме да го споделиме со вас.

chicken nagets

Крцкав пилешки нагетс

Дали знаете која е тајната на превкусните крцкави пилешки залчиња кои се служат во рестораните за брза храна? Имате пробано да ги направите дома, но не го добивте посакуваниот вкус? – Имаме супер рецепт за крцкав пилешки нагетс.  

пилешки крилца со чили и лимета 1

Печени пилешки копанчиња од крилца на мексикански начин

Пикантни и крцкави! Направете ги највкусните печени пилешки копанчиња од крилца на мексикански начин и за миг отпатувајте во Мексико. Брзи за подготовка и со богат вкус во кој ќе ужива целото семејство. 

Едноставен рецепт за пилешка салата

Секогаш добредојдена на трпезата! Класичната и едноставна пилешка салата е погодна за носење на пикник, скара или како ужина на училиште или на работа. Плус, супер се вклопува и како предјадење. Потребни се само неколку намирници и малку време за да ја направите оваа кремаста домашна салата.

маринирани пилешки копани 1

Печени пилешки копани со лук и сенф

Од најкористените состојки направете вкусни печени пилешки копани! Се прават толку едноставно, што и помалку искусните готвачи ќе може да ги подготват со леснотија. Ако обожавате пилешко месо, ова е вистинскиот рецепт за вас.

печени пилешки крилца

Печени пилешки копанчиња од крилца со пикантен Бафало сос

Сите обожаваат пилешки крилца, особено ако се крцкави и печени! Па, доколку и вие не може да им одолеете, пробајте го овој рецепт за печени пилешки крилца со пикантен Бафало сос и препуштете му се на уживањето.