печен пилешки стек со бадеми

Печен пилешки стек со бадеми

Пилешкото месо на многумина им е едно од омилените јадења, а покрај одличниот вкус, неговата предност е во тоа што брзо се приготвува. Убаво е да знаете дека не мора да бидете професионален готвач за да создадете магија во кујната. А за да ви помогнеме, ви прикажуваме како на едноставен начин да направите вкусен пилешки стек со бадеми и да ги почестите вашите пријатели со неверојатен специјалитет.

Високата количина на протеини го прави пилешкото месо идеално за одржување на нашето тело здраво и витко. Покрај тоа, изобилува со есенцијални нутриенти и витамини. Огромен плус е и тоа што ова месо дозволува подготовка на многу различни начини. Во оваа прилика ви предлагаме да пробате да направите печен пилешки стек со бадеми и тоа што поскоро, бидејќи навистина има фантастичен вкус и ќе си го меморирате рецептот.

печен пилешки стек со бадеми

Состојки:

  • 500 г пилешки стек

За валање:

  • 3 јајца
  • 200-300 г брашно
  • 200 г сечкани или мелени бадеми.

Подготовка:

  1. Исечете го пилешкиот стек на помали средно тенки парчиња.
  2. Во посебен сад јајцата изматете ги со виљушка.
  3. Во одделен сад измешајте ги брашното и сечканите бадеми.
  4. Парчињата пилешко извалајте ги прво во брашното, па во јајцата и на крајот во бадемите.
  5. Месото наредете го во тава обложена со хартија за печење. Ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 220 степени за време од 10 минути.
  6. Готовото месо послужете го со сос по желба. На здравје!

Совети плус:

  • За валање, наместо бадеми може да користите и лешници или кикиритки.

Ви препорачуваме да прочитате: Едноставен рецепт за пилешка салата.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: