пилешки копанчиња

Пилешки копанчиња со крцкава ароматична кора

Овој едноставен рецепт за печени пилешки копанчиња е идеален за денови кога ви треба брз и вкусен ручек. Сè што треба да направите е да ги премачкате со ароматичен прелив, да додадете зачини и да ги ставите во рерна.

Едноставните јадења се најчесто и највкусни. Не е потребно да сте вешти во кујната, доволно е да измешате зачини, да додадете лук и да се препуштите на уживањето во мирисите што ќе се шират од рерната. Лукот ќе му даде посебна арома и вкус на пилешкото месо. Лесното приготвување дополнително ќе ве привлече, па овој нов рецепт за пилешки копанчиња ќе стане ваше омилено јадење.

пилешки копанчиња

Состојки:

  • 10 пилешки копанчиња
  • 2 чаши лебни трошки
  • 4 лажици магдонос
  • 2 лажички црвена пипер
  • 2 лажички лук во гранули
  • 1 лажичка оригано
  • пармезан по потреба
  • 2 лажички сол
  • 3 лажици сенф
  • 200 г путер
  • црн пипер.

Подготовка:

  1. Рерната загрејте ја на 200 степени. Тавата во која ќе ги печете копанчињата премачкајте ја со путер.
  2. Во посебен сад направете смеса од лебните трошки, пармезанот, ситно исечканиот магдонос, ориганото, пиперот и лук во гранули. Додајте сол и црн пипер по вкус и измешајте.
  3. Во друг сад растопете го путерот. Додајте го сенфот и мешавината од зачини и убаво измешајте. Премачкајте ги копанчињата со преливот од сенф и путер, а потоа извалајте ги во трошки од леб.
  4. Вака подготвените копанчиња наредете ги во тава за печење. Печете околу еден час или додека поруменат.
  5. Испечените копанчиња послужете ги додека се топли во комбинација со помфрит или зеленчук по желба и уживајте во вкусот.

Ви предлагаме да прочитате: Едноставен рецепт за пилешка салата.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: