домашни маски за лице од свежо овошје

Домашни маски за лице од свежо овошје

Во продавниците можете да најдете маски за секаква кожа и намена, но најдобро е истите да ги направите дома. На тој начин ќе бидете сигурни дека се добри за вашата кожа, без никакви хемикалии. Домашните маски за лице од свежо овошје се подготвуваат брзо и лесно, а посебно се пријатни во текот на летото бидејќи ја освежуваат кожата.

Негата и хигиената на лицето е од примарно значење за здрав изглед. Но не мора секогаш да користите скапи производи, може да одберете нешто природно и да ја искористите моќта на овошјето за да изгледате и за да се чувствувате поубаво. Природната нега е далеку побезбедна, поефтина и подостапна за употреба. Потребно е да одвоите само неколку минути и да направите домашни маски за лице од свежо овошје за мека и сјајна кожа.

маски за лице од свежо овошје

Пилинг од грозје

Грозјето ја подобрува еластичноста на кожата и го враќа младешкиот сјај. Богато е со витамин Ц и Е и го спречува сушењето на кожата.

Затоа, направете здрав и ефикасен пилинг. Сѐ што треба да направите е да го излупите грозјето, да го изгмечите со виљушка и да го исцедите преку газа. Нанесете го она што останува во газата на лицето со кружни движења. Ова ќе ги отстрани сите мртви клетки, а кожата ќе биде мека, мазна и сјајна.

Маска од банана

Бананата содржи витамин А кој ја заздравува сувата и исушена кожа, избледува лузни од акни и темни дамки. Содржи и цинк кој се бори против акни предизвикани од бактерии. Ја мазни, освежува и подмладува кожата од брчки. Богата е со калиум, минерал кој на кожата и дава свеж изглед, а истовремено помага и во губење на отоците околу очите.

Испасирајте една банана со виљушка, а потоа нанесете ја на лицето. Оставете да делува 15 минути и измијте го лицето со млака вода. Ако додадете сок од еден лимон во пирето од банана ќе добиете одлична маска за подмладување на кожата.

Маска од лимон

Лимонот е состојка со која може да се направат ефикасни и природни маски за чистење на кожата. Многу корисен за луѓето со масна кожа и значително ја подобрува состојбата со акните. Лимоновата маска за лице ја подмладува кожата и и дава свеж и чист изглед.

Потопете ја кората од еден лимон во вода, а потоа убаво изблендирајте за да добиете каша што ќе ја користите наместо тоник. Нанесете ја смесата на лицето и оставете ја да делува неколку минути.

Ви препорачуваме да прочитате: Нега на масна кожа во лето.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: