Обожавам да готвам и да експериментирам со најразлични рецепти, а едни од моите омилени се домашните тортиљи – меки, вкусни и со неодолив мирис. Ги полнам со свежи зеленчуци, месо по избор, малку кечап или зазики, а понекогаш додавам и помфрит. Секогаш се добива брз, практичен и превкусен оброк што сите го сакаат!
Досега немаш направено домашни тортиљи? Ајде во кујната и испробај го мојот рецепт!

Состојки:
- 4 чаши сенаменско брашно од Жито Лукс
- 1 мала лажичка сол
- 2 мали лажички прашок за печиво
- 2 лажици путер
- 1½ чаша вода.
Подготовка:
- Во длабок сад за месење ставете го брашното, солта и прашокот за печиво. Измешајте.
- Додајте го путерот и започнете да замесувате тесто, постепено додавајќи ја водата.
- Врз набрашнета површина ставете го тестото и месете неколку минути, додека стане еластично и меко.
- Тестото поделете го на 12 делови. Од секој дел формирајте топче и со сукало исучете тенки кори.
- Загрејте нелеплива тава за палачинки на средно висока температура. Печете ја секоја тортиља по 2–3 минути од секоја страна.
- Печените тортиљи редете ги во чинија и покривајте ги со кујнска крпа или фолија, за да ја задржат мекоста.

Совети плус:
- За подготовката на тортиљите користам сенаменско брашно од Жито Лукс. Сенаменското брашно добро впива и лесно се развлекува, па тестото не се кине и не се лепи. Затоа е идеално за тортиљи, домашни пити и кори (јуфки).
- Ако сакате помали тортиљи – поделете го тестото на 24 дела.
- За поголеми тортиљи – поделете го на 8 дела.
- Тортиљите може да ги замрзнете и да ги користите по потреба.
Може да те интересира: Посни кроасани – лиснати кифлички.
*Рецептот е овозможен од Жито Лукс.
