Во последниве години интегралното брашно стана супер популарно – и со добра причина! Побогато е со влакна, има подлабок вкус и прави печивата да имаат по„домашен“ шмек.
Обожавам да готвам и да експериментирам со најразлични рецепти, а едни од моите омилени се домашните тортиљи – меки, вкусни и со неодолив мирис. Ги полнам со свежи зеленчуци, месо по избор, малку кечап или зазики, а понекогаш додавам и помфрит. Секогаш се добива брз, практичен и превкусен оброк што сите го сакаат!
‘Ржаниот леб има потемна боја и посилен вкус во споредба со белиот леб, а тоа е една од причините зошто луѓето го обожаваат. Нуди бројни здравствени придобивки како што се подобра контрола на шеќерот во крвта, подобрување на здравјето на срцето и дигестивниот систем. И не само тоа! Продолжи со читање и дознај ги најважните придобивки од ‘ржаниот леб.
Како да направите леб ако немате квасец? Катерина од нашиот тим ни сподели одличен рецепт за брз леб со сода од 4 состојки. Таа вели: „Лебот е превкусен сам од себе и e со крцкава кора кога е топол. Кога ќе се излади е малку влажен во текстурата споредено со обичен бел леб, па не мора да се чува во најлонска ќеса. Трае до неколку дена и не се расипува“.
Во тек се Велигденските пости, па многу луѓе кои постат се запрашуваат: Што да јадам? Дали некоја храна е посна и истовремено здрава, или не е? – Разговаравме со нутриционист Марија Апостоловска и ви издвоивме 4 растителни намирници кои се здрави и без двоумење може да се консумираат за време на пости.
Сигурно веќе сте слушнале за придобивките од лененото семе и неговата важност во правилната исхрана. Претставува здрава намирница, со голем број на полезности. Денес сѐ повеќе се зборува за него, а и се настојува да се применува што повеќе во подготовка на разни јадења. Од семето се прави ленено брашно кое и тоа како помага при слабеење.