Брашно за пица од Жито Лукс

Брашно за пица е најновиот производ со кој Жито Лукс го збогатува своето портфолио. Ова е првото вакво брашно на пазарот од домашен производител и претставува континуитет на компанијата во збогатување на пазарот со иновативни производи и проширување на понудата според барањата на потрошувачите.

“Создавањето на брашното за пица следи како одговор на барањата и потребите на потрошувачите, но и дополнување на пазарот со наменски создадено брашно, за кое веруваме дека ќе најде голема домашна примена и со тоа уште еднаш ќе ја потврдиме довербата укажана од консументите”, велат од Жито Лукс.

брашно за пица

Создадено со долгогодишно знаење и со традиција, брашното за пица претставува висококвалитетен производ со специфични карактеристики за домашна подготовка на пица и производи од ферментирано тесто: фокача, фурнарини и слични печива. Брашното е меко, лесно се замесува, одлично се растегнува и не се кине, а пицата и печивата направени со него имаат незаборавен вкус.

Им посакуваме успех на нашите пријатели од Жито Лукс и нетрпение очекуваме да го пробаме и да ги направиме највкусните специјалитети!

Сподели: