Ти се јаде пица, а постиш? – Имам супер вкусен и посен рецепт. Направи потпечени посни пица макарони. Вкусот потсетува на пица и гарантирам дека ќе ти се допадне.
Едноставно, предобро! Направи го во прва прилика.

Состојки:
- 300 г макарони
- 1 чаша доматен сос (пасирани домати, домата, кечап по избор)
- 1 чаша – 15 сечкани маслинки
- 1 чаша варена пченка
- 1 чаша маринирани шампињони
- 1 мала лажичка оригано
- 150 – 200 г рендан посен кашкавал – Vegan Natura од Млекара Тетово
- Сол по вкус.

Подготовка:
- Во тенџере на оган ставете 3 литри вода. Додајте 1 мала лажичка сол и оставете водата да зоврие. Во зовриената вода ставете ги макароните. Варете ги според упатството. Исцедете ја водата, а потоа во тенџерето додајте ладна вода. Повторно исцедете ги макароните.
- Во тава ставете ги варените макарони, доматниот сос, маслинките, пченката, шампињоните и ориганото. Измешајте ги состојките со лажица. Израмнете и додајте го ренданиот кашкавал.
- Макароните печете ги во загреана рерна на 220 степени, за време од 15 до 20 минути, додека кашкавалот се растопи. Извадете ги од рерната и оставете ги кратко да се изладат. Потоа послужете ги додека се топли. На здравје!

Препораки:
Рецептот е наменет за пост на масло. Ако постиш на вода, не додавај посен кашкавал.
Ти се допадна рецептот за потпечените посни пица макарони? Ти требаат уште идеи за посни рецепти? Посети ги моите профили и заследи ме:
- Instagram – @kocovska.marija
- Facebook – Marija Kocovska
- Youtube – Marija Kocovska
- Tik Tok – @marija.kochovska.
Може да те интересира: Посна пица Вегетаријана – од кујната на Марија Кочовска.
*Рецептот е овозможен од Млекара Тетово.
