Ако пројата ти е еден од омилените рецепти, тогаш мораш да го испробаш и рецептот за пченкарни американски палачинки. Меки, воздушести – едноставно кажано, превкусни!
Идеални се за појадок за време на викенд или за засладување во кој било период од денот.

Состојки:
- 3 јајца
- 20 мл масло
- 200 мл млеко
- 150 г пченкарно брашно од Жито Лукс
- 80 г Екстра бело брашно од Жито Лукс
- 3 г сув квасец
- 2 г прашок за печиво.
Подготовка:
- Во длабока чинија ставете ги јајцата и изматете ги со жица за матење.
- Додајте ги маслото и млекото и добро измешајте.
- Потоа додајте го пченкарното брашно и измешајте.
- Додајте ги Екстра белото брашно, квасецот и прашокот за печиво. Повторно измешајте со жицата за да добиете хомогена смеса.
- Покријте ја чинијата со кујнска крпа и оставете ја смесата да нарасне околу 1 час.
- По нараснувањето, уште еднаш добро измешајте со жицата за матење.
- Загрејте тава за палачинки на оган. Во загреаната тава ставете од смесата.
- Штом на површината се појават меурчиња, превртете ги палачинките и печете ги уште околу 1 минута од другата страна.
Совет:
Печените пченкарни американски палачинки можете да ги послужите со путер, мед, овошје, јаворов сируп, шеќер во прав, чоколаден крем или мармалад – по желба.
Дали знаеш дека…?
Жито Лукс имаат супер наградна игра во соработка со Жито Маркети.
Купи 1 кг. Жито Лукс брашно (пченарно, екстра бело, пица, пекарско, сенаменско, интегрално, палента, гриз) и можеш да добиеш:
- 7x BOSCH мултипрактик
- 5 x TEFAL пегла
- 3 x BEKO правосмукалка
- 15 x ISKRA електрична тава.

Како да учествуваш?
- Купи најмалку 1 кг. од било кое брашно Жито Лукс.
- Земи купон на каса и пополни го.
- Стави го во означената кутија.
- Зачувај ја фискалната сметка!
Наградната игра трае од 21.06 до 21.07.2025. Играј, освои, уживај!
Може да те интересира: Од кујната на Марија Кочовска: Брзи американски палачинки.
*Рецептот е овозможен од Жито Лукс.
