Од кујната на Марија Кочовска: Брзи американски палачинки

Ова е мојот омилен рецепт за брзи американски палачинки со кој нема грешка! Се прават за 20-тина минути, а сите ги обожаваат. Најчесто ги служам со јаворов сируп, а супер се и со мед, овошје, чоколаден крем, лешници, ореви…

Ако досега немаш направено американски палачинки или си во потрага по добар рецепт, ти препорачувам да ги направиш овие палачинки во прва прилика. Може и да ги замрзниш и да ги користиш по потреба. 

брзи американски палачинки

Состојки:

  • 1 ½ чаша Екстра бело брашно од Жито Лукс
  • 3 ½ мали лажички прашок за печиво
  • 1 лажица шеќер
  • 1 ќесичка ванилин шеќер
  • 1 ¼ чаша млеко
  • 1 јајце
  • 3 лажици растопен и изладен путер (или масло по желба).

За декорација:

  • мед, јагоди и боровинки.
состојки за американски палачинки

Подготовка:

  1. Брашното просеј го во длабок сад. 
  2. Во садот додај ги и печиво, шеќерот и ванилата. Измешај со жица за матење.
  3. Во друг длабок сад стави го јајцето и  кратко измати го со жицата. Во јајцето додајте го растопениот и изладен путер и измешај. Потоа додај го млекото и измати.
  4. Во садот со млекото постепено додавај од смесата со брашно и мешај со жицата за да се добие хомогена смеса.
  5. На средно висока температура стави намрсена нелеплива тава за палачинки да се загрее. Земи околу ¼ чаша од смесата за палачинки и стави ја да се печи. Штом на површината ќе забележиш дека има меурчиња, палачинките преврти ги да се печат од друга страна. Печените брзи американски палачинки може да ги послужиш со мед, овошје, јаворов сируп, шеќер во прав, чоколаден крем или мармалад по желба. Постапката погледни ја на видеото. На здравје!

Совети плус:

  • Екстра белото брашно може да го просееш и два пати. 
  • Важно е путерот да биде растопен и добро изладен пред да се додаде во јајцето. Ако немаш путер во моментот, може да го замениш со масло.
  • Пред секое печење на нова палчинка, тавата намрсувај ја со малку масло.

Ако ти се допадна овој рецепт, разгледај повеќе идеи на мојот Инстаграм профил – @kocovska.marija и заследи ме. Може да ме следиш на:

брзи американски палачинки со путер

И за крај, погледни го слаткарскиот водич: 5 важни совети за успешни десерти. Водичот ќе ти ги открие најважните слаткарски тајни, а со него палачинките ќе бидат уште поубави!

*Рецептот е поддржан од Жито Лукс.

Сподели: