Слаткарски водич: 5 важни совети за успешни десерти

Ти ги откриваме најважните слаткарски совети кои вреди да ги знаеш! Направи пандишпан со рамномерна висина, заборави на грутките какао во пандишпанот, пенесто измати го путерот, а ако немаш прашок за печиво, а започна со подготовката на десертот, имаме решение! Разгледај го малиот слаткарски водич. 

Прашокот за печиво и густинот секогаш мешај ги со брашното

Ќе правиш колачи или торта? Ти се случува за време на печењето да нараснат нерамномерно? Еве го решението! Ако во состојките на рецептот кој сакаш да го направиш има прашок за печиво или густин, најдобро е овие состојки да ги измешаш со брашното, а потоа да ги просееш со сито. На тој начин, прашокот за печиво и скробот рамномерно ќе се распоредат во брашното, а при печењето ќе добиеш колач со рамномерна висина. За најдобар резултат препорачуваме да користиш Екстра бело брашно од Жито Лукс, со кое текстурата и вкусот на десертите се загарантирани. 

слаткарски водич

Штом додаваш какао имаш грутчиња во тестото? – Пресеј го заедно со брашното

Пресејувањето на какаото со брашното е многу важно. Со овој трик нема да имаш грутчиња од какао во тестото и ќе добиеш рамномерна чоколадна боја. А ако си додал веќе брашно, не грижи се! Какото просеј го со сито во смесата, а потоа измешај со готварска шпатула.

Започна да правиш десерт и немаш прашок за печиво? – Замени го со сода бикарбона

Ако си заборавил да купиш прашок за печиво, а веќе започна со подготовката, може да го замениш со сода бикарбона и неколку капки лимонов сок. Притоа имај во план дека од прашокот за печиво, колачите растат во висина, а од сода бикарбоната се шират. Па, води сметка за тоа кога ќе ги редиш колачите во тавата за печење.

Лешниците и оревите потпечи ги, а бадемите излупи ги пред да ги додадеш во десертот

Бадемите и лешниците кои се користат во десертите, најчесто се излупени. Неизлупените бадеми кратко стави ги во врела вода, исцеди ги, измиј ги со ладна вода, а потоа извади ги лушпите и остави ги да се исушат. Оревите и лешниците може да ги потпечеш 5-10 минути во рерна на 180 степени. Потоа, остави ги кратко да се изладат, а лешниците излупи ги. 

За да го изматиш пенесто путерот, пред матењето посипи го брашно

Уште еден практичен трик, кој вреди да го знаеш! За да добиеш пенесто изматен путер, пред матењето посипи го со малку Екстра бело брашно. Ако путерот или маргаринот се премногу тврди за матење, може кратко да ги омекнеш во микробрановата печка или едноставно изрендај ги на крупната страна на рендето.

слаткарски водич жито лукс

Ти се допаднаа овие совети? Сакаш да направиме поголем слаткарски водич? Пиши ни во коментар и сподели го текстот со пријателите.

Слаткарскиот водич е овозможен од Жито Лукс, заследи ги на Facebook и Instagram за сите новости, дарувања и акции!

Може да те интересира: Совети и препораки за најдобар велигденски козињак (милиброд).

Сподели: