Од кујната на Марија Кочовска: Брзи американски палачинки

Ова е мојот омилен рецепт за брзи американски палачинки со кој нема грешка! Се прават за 20-тина минути, а сите ги обожаваат. Најчесто ги служам со јаворов сируп, а супер се и со мед, овошје, чоколаден крем, лешници, ореви…

Зошто е магичен циметот? Симона Коруновска и dm ни даваат интересен одговор!

Здравите оброци веројатно се најдобриот начин да се почне новата година, а dm drogerie markt и нутриционистката Симона Коруновска ќе ни откријат лесен и едноставен начин како да го направиме тоа. 

Палачнки со хељда и зеленчук

Палачинки со хељда и зеленчук

Има ли некој што не сака палачинки? – Сигурни сме дека сите ги обожаваат и ги прават во разни варијанти и комбинации, и тоа не само за десерт, туку и за појадок или вечера. А во оваа прилика ви откриваме одличен рецепт за подготовка на палачинки со хељда и зеленчук од нашата пријателка Валентина. Одлични за сите генерации!

Брзи овесни палачинки со спанаќ

Кој е за супер вкусен и здрав оброк? – Ако и вие обожавате палачинки, ова е вистинскиот рецепт за вас! Овесните палачинки со спанаќ се едни од најомилените во нашиот тим. Често ги приготвуваме во кујната на sezahrana.mk, а во оваа прилика го споделуваме рецептот со вас.

мини палачинки со банана 1

Мини палачинки со парчиња банана

Направете им на вашите најмили нешто поразлично и интересно за појадок или ужина! Овие мини палачинки се привлечни на изглед поради тоа што во средината на тестото се со парче банана. А, вкусот е оној кој задржува, па секој ко ќе ги проба, ќе бара палачинка повеќе.

похувани палачинки

Похувани палачинки со фил од мелено месо

Палачинките ни се омилени, без разлика дали се американски или класични, солени или благи. А, денес подготвивме вкусен и лесен рецепт за похувани палачинки со фил од мелено месо. Вака подготвени, тие се совршени за предјадење или за мезење, а може и да ги послужите за појадок со сос од павлака и мајонез.

посни вегански палачинки 1

Посни вегански палачинки

Сакате да пробате нешто ново и несекојдневно за подготовка? – Ви го препорачуваме рецептот за посни вегански палачинки. Сигурни сме дека ќе ги обожавате. Овој рецепт ни го испрати Валентина, наша читателка и членка во групата  Сѐ за храна. 

Мини американски палачинки 1

Мини американски палачинки по испробан рецепт

Кога се прави нешто со љубов и внимание, резултатот е неизбежно да биде навистина добар! – Така се подготвени нашите омилени и симпатични мини американски палачинки. Тие се традиција за неделен појадок во нашето семејство и може да се каже дека ако ги пробате, и вие „ќе се заљубите“ во нив!

палачинки со спирулина

Палачинки со спирулина и овес

Сочни палачинки со спирулина и овес – звучи супер, зар не? Спирулината е една од најхранливите намирници на планетата и со право го носи епитетот супер храна. Доколку ви треба креативна идеја за да ја вклучите во секојдневната исхрана, пробајте го овој супер рецепт за вкусни палачинки со спирулина. Тие имаат примамлива сино-зелена боја, а децата сигурно ќе ги обожаваат.

Тесто за палачинки со газирана вода

Летото е идеално за брзи десерти како што се палачинките. Омилени се на сите генерации! А кој може да одолее на највкусните палачинки премачкани со чоколаден крем? Супер се за појадок со чаша млеко, а добредојдени се и како десерт после ручекот или вечерата. Сакате да направите екстра меки палачинки? Пробајте го нашиот рецепт за вкусното тесто за палачинки со газирана вода.

американски палачинки со интегрално брашно

Американски палачинки со интегрално брашно

Сте размислувале како да направите оброк со кој нема да ги зголемите килограмите, а сепак да биде вкусен за јадење? – Tука се американските палачинки со интегрално брашно кои можете да ги комбинирате по ваш вкус.  

Посни мини пица палачинки

Кој би одолеал на вкусот на пица, па уште во вака привлечна и нова варијанта?! Да уживаме во деновите на постите, да си направиме посни мини пица палачинки. Меки се и имаат многу нежна текстура, сигурно ќе ви се допаднат!

палачинки со чоколаден крем

Палачинки со банана, чоколаден крем и ореви

Омилени на сите генерации! Кој може да одолее на највкусните палачинки со банана, чоколаден крем и ореви? Идеални се за појадок со чаша млеко, а добредојдени се и како десерт после ручекот или вечерата.

Палачинки со фил од јаболка

Мириса на есен, на убави есенски ароми, јаболко, цимет и кафеав шеќер! Секое годишно време си има своја магија, свои сезонски овошки и уште поубави рецепти. А симбол на есента се нашите убави јаболка, вкусни и сочни. Да ги искористиме и направиме палачинки со фил од јаболка, цимет, кафеав шеќер и портокал!

Воздушести палачинки од белки и овес

Воздушести палачинки од белки и овес

За сите љубители на лесен појадок, овие воздушести палачинки од белки и овес се одличен избор. Истите може да ги послужите како сладок појадок или пак попладневна ужина. Рецептот ни доаѓа од кујната на Лана и веќе знаете дека сигурно ќе ве воодушеви. Сите нејзини рецепти се вистинско уживање. На вас останува само да си ги направите и да му се препуштите на едно неверојатно гурманско искуство кое ги задоволува сите сетила.