Мини американски палачинки 1

Мини американски палачинки по испробан рецепт

Кога се прави нешто со љубов и внимание, резултатот е неизбежно да биде навистина добар! – Така се подготвени нашите омилени и симпатични мини американски палачинки. Тие се традиција за неделен појадок во нашето семејство и може да се каже дека ако ги пробате, и вие „ќе се заљубите“ во нив!

Тотално неодоливи, меки и слатки за целото семејство, ќе ви ги бендисаат од најмалите до највозрасните. Топло препорачуваме да ги пробате!

Мини американски палачинки 2

Состојки:

За палачинки:

  • 1 ½ чаша брашно
  • 3 ½ мали лажички прашок за печиво
  • ¼ мала лажичка сол
  • 1 лажица шеќер
  • 1 ќесичка ванилин шеќер по желба
  • 1 ¼ чаша млеко
  • 1 јајце
  • 3 лажици растопен путер.

За подготовка на палачинките:

  • малку масло за намрсување на тавата

За фил:

За прилог:

  • млеко или кафе по желба.
Мини американски палачинки 3

Подготовка:

  1. Во сад за матење измешајте ги сите суви состојки – брашното, прашокот за печиво, солта, шеќерот и ванилиниот шеќер. Мешајте со помош на жица за матење.
  2. Во садот додајте го млекото.
  3. Јајцето ставете во длабок сад и кратко изматете го, па додајте го во садот со другите состојки.
  4. Претходно стопениот и изладен путер додајте го во садот и убаво измешајте за да се добие хомогена смеса. Напоменуваме како совет, дека путерот мора да е ладен, затоа што може да ги коагулира протеините од јајцето.
  5. Од така припремената и убаво изедначена смеса, започнете со подготовка на палачинките. Користете нелеплива тава која е пожелно да ја намрсувате со масло нанесено на кујнска хартија. Загрејте ја на средно висока температура и спремна е да започнете.
  6. Земете една поголема супена лажица и од смесата турете во претходно загреаната тава. Формирањето на палачинката треба да е така што турањето на смесата ќе биде во една точка и самата ќе се разлее во кружна форма со дијаметар од околу 5-6 см, зависно од големината на лажицата.
  7. Ако печите во тава со големина број 24, просечно ќе направите по 5-6 мини американски палачинки во исто време. Секогаш започнувајте со турање на палачинката во средина, а потоа продолжете околу неа. Ќе добиете некаде 30-32 мини палачинки, зависно од големината на лажицата која ја користите.
  8. Штом ќе забележите дека на горната страна се појавиле меурчиња, палачинките превртете ги да се печат од друга страна. Имајте предвид дека од оваа страна се печат значително пократко. Од прилика може да очекувате дека ќе бидат готови по редоследот на правење.
  9. Печените мини американски палачинки предлагаме да ги послужите со дабов мед од Рес-Ком и и сечкани лешници. На здравје!

Совет плус: А, како проверено добар и интересен начин на сервирање, ви препорачуваме да си направите „кула“ од 4-5 палачинки, така што ќе ставите една за основа, ќе нанесете од медот и сечканите лешници, па ја повторувате постапката до посакуваната висина. Со помош на виљушка и нож, засечете од горе кон дното и уживајте во вкусот и изгледот на секое залче.

Наша препорака

Кога станува збор за мед, без сомнеж, наш избор се медовите на Рес-Ком. – Нивната палета изобилува со различни врсти на мед и навистина може да избирате по свој вкус и желба. Може да си купите ливадски, планински, цветен, липов, дабов мед, диет мед, мед од багрем… Ако сакате да дознаете повеќе за нив, посетете ја нивната фан страница Res-Kom Resen, нивниот инстаграм профил или контактирајте ги на телефонот 047 452 489.

Нека храната биде твојот лек и лекот биде твојата храна!

Мини американски палачинки 4

Ви препорачуваме да прочитате: Чоколадни медени срца.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: