Мини ражничи од мелено месо

Мини ражничи од мелено месо – печени во рерна

За вистинските гурмани ова ќе биде неодоливо гастрономско уживање! – Ако сакате да експериментирате и да направите нешто поинакво и креативно во кујната, пробајте го овој интересен рецепт за мини ражничи од мелено месо. Одлични се за семеен ручек или како мезе за седенки со пријателите. 

Соберете го друштвото и уживајте! Овие мини ражничи од мелено месо ќе ги воодушеват сите дегустатори околу вас. Послужени во комбинација со салата, компирчиња или како дел од мезе даска, експресно брзо ќе бидат изедени.

Мини ражничи од мелено месо

 Состојки:

  • 1 кг мелено месо од Агриа
  • 1 главица ситно сечкан кромид
  • 1 ситно сечкана чили пиперка, по желба
  • 2 чешниња ситно сечкан лук
  • 1 лажица мешан зачин
  • 50 мл бело вино
  • масло по потреба.

Подготовка:

  1. Во подлабок сад ставете го меленото месо. Додајте ги кромидот, лукот, мешаниот зачин, чили пиперката и виното.
  2. Добро измешајте ја смесата и оставете ја 30 минути во фрижидер.
  3. Потоа, со раце формирајте мали топчиња и редете ги на стапчиња за ражничи, така што ќе оставате малку простор измеѓу секое топче од месо. Постапката повторувајте ја додека имате од смесата. Мини ражничите редете ги во тава претходно обложена со хартија за печење.
  4. Печете ги во загреана рерна на 180 степени, за време од 20-30 минути.
  5. Печените ражничи од мелено месо послужете ги  топли за најдобар вкус. На здравје!

Совети плус:

  • По желба, додајте ароматични зачини по ваш вкус, на пример оригано, нане, рузмарин, копар, чубрица и сл.
  • Бидете креативни и од истата смеса, направете ќебапчиња, ќофтиња или плескавици. А, за да го извлечете максимумот од меленото месо, најважно е да го купувате од проверен производител. Ние имаме избрана и проверена месарница која секогаш излегува во пресрет на нашите очекувања и топло ви препорачуваме да ја посетите Агриа. Месото е со врвен македонски квалитет, кој се должи на принципот од „нива до трпеза“. Од Агриа имаат свои фарми, кланица и фабрика за производство на сточна храна. Штом еднаш ќе го пробате месото од Агриа, сигурни сме дека тоа ќе биде ваш прв избор! А кога веќе избравте квалитетно месо, следете ги нашите лесни и едноставни совети со кои ќе станете вистински професионалци во неговата подготовка.
мини бургери

Ви препорачуваме да прочитате: Топчиња од мелено месо со доматен сос.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Поддржан рецепт.

Сподели: