Топчиња од мелено месо со доматен сос

Топчиња од мелено месо со доматен сос

Вкусно, брзо и лесно за подготовка, рецепт што го посакува секој! Нашиот предлог за топчиња од мелено месо со доматен сос е баш таков. Супер се за семеен ручек или како мезе ако ви се најавиле гости. Нивниот богат вкус ќе ги исполни очекувањата на сите гурмани.

Сигурно меленото месо го имате пробано во сите можни варијации и рецепти, но верувајте дека овој рецепт е нова вкусна димензија. Вака припремените топчиња од мелено месо се највкусни ако ги послужите додека се топли. Може да ги сервирате во комбинација со тестенини, пире, печени или пржени компири, ориз или друг гарнир по ваша желба, а бидете сигурни дека чиниите многу брзо ќе се испразнат.

Топчиња од мелено месо со сос од кечап

Состојки:

  • 500 г свежо мелено месо од Агриа
  • 1 лажица мешан зачин
  • 2 лажички лук во прав
  • 1 јајце
  • 200 мл кисела павлака
  • 30 г лебни трошки
  • сол и црн пипер во вкус
  • прстофат морско оревче по желба
  • масло по потреба.

За сос:

  • 500 мл домата
  • 1-2 лажички кафеав шеќер
  • 1 лажица ситно сечкан кромид
  • 1 лажичка лук во прав
  • прстофат оригано.

Подготовка:

  1. Во длабок сад измешајте ги лебните трошки, павлаката, јајцето и мешаниот зачин. Додајте го меленото месо и зачинете со црн пипер, рендано морско оревче и лук во прав. Убаво измешајте за состојките да се соединат.
  2. Подготвената смеса оставете ја да отстои на ладно околу два часа. Потоа, формирајте топчиња.
  3. Во посебен сад измешајте ги доматниот сос, кафеавиот шеќер, лукот во прав, ориганото и исечканиот кромид.
  4. Секое топче месо потопете го во сосот од сите страни и редете ги во тава претходно премачкана со масло или обложена со хартија за печење.
  5. Ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 20 минути или додека топчињата добијат убава боја. Сервирајте ги со гарнир по желба, декорирајте и послужете ги. На здравје!

Совети плус:

  • Наместо лук во прав, можете да користите и свеж, ситно исечкан лук.
  • По потреба, зголемете ја количината на состојките.
  • За подготовка на рецептот, може да користите свинско, јунешко или мешано мелено месо. За да бидете сигурни дека ќе изберете квалитетно месо ви препорачуваме да ги посетите месарниците на Агриа ширум земјата. Во нивните месарници во Велес, Битола и Штип ќе пронајдете свежо свинско и јунешко месо од домашно производство. Месото е домашно со врвен квалитет, бидејќи Агриа работат по принципот од „нива до трпеза“. Имаат свои фарми, кланица и фабрика за производство на сточна храна која доаѓа од македонските полиња.
Топчиња од мелено месо со сос од кечап

Ви препорачуваме да прочитате: Брз рецепт за печени ќофтиња со кашкавал.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Поддржан рецепт.

Сподели: