Брз рецепт за печени ќофтиња со кашкавал

Кој не сака ќофтиња? Тие се вкусен и одличен оброк наменет за секоја пригода. Најдобро е тоа што секогаш може да експериментирате со вкусовите и да додавате различни зачини по желба. Денес направете печени ќофтиња на брз и едноставен начин и изненадете ги вашите најблиски.

Овие печени ќофтиња се одлична идеја за брз и вкусен ручек. Набавете свежо и квалитетно мелено месо и започнете со подготовката. Посетете ги месарниците на Агриа (Битола, Штип и Велес) и набавете месо со врвен квалитет. Агриа произведуваат домашно свинско и телешко месо, кое е идеално за подготовка на највкусните ќофтиња. Телешкото месо е достапно само во нивните месарници, а свинското месо може да се најде и во Тинекс и Рамстор маркетите. За сите новости и акции посетете ја веб страницата на Агриа и следете ги на нивната фан страница на Facebook.

печени ќофтиња

Состојки:

  • 500 г свежо мелено месо од Агриа
  • 400 г компири
  • 150 г моркови
  • 2 главици кромид
  • 2 чешниња лук
  • 1 јајце
  • 1 лажичка сув мешан зачин
  • 2 лажици брашно
  • 250 г неутрална павлака за готвење
  • 150 гр рендан кашкавал
  • сол и црн пипер по вкус
  • масло за пржење.

Подготовка:

  1. Морковите и компирите изрендајте ги. Кромидот и лукот ситно исечкајте ги.
  2. Во подлабок сад ставете го меленото месо и дадајте ги кромидот, лукот, морковот, компирот и јајцето.
  3. Зачинете по вкус и убаво измешајте. Од добиената смеса формирајте ќофтиња. По потреба, додајте брашно.
  4. Во загреано масло, на оган, пропржете ги ќофтињата. Потоа, наредете ги во тава за печење.
  5. Ќофтињата прелијте ги со павлака за готвење. Садот покријте го со фолија и ставете го во загреана рерна на 200 степени. Печете околу 30 минути. Пред крајот тргнете ја фолијата и над ќофтињата ставете рендан кашкавал. Вратете го садот во рерна уште неколку минути за да се растопи кашкавалот.
  6. Ќофтињата декорирајте ги со магдонос и послужете ги додека се топли. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: 12 совети за подготовка на ќофтиња од мелено месо.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: