12 совети за подготовка на ќофтиња од мелено месо

Меленото месо е едно од најлесните за подготовка и може да се каже дека не постои домаќинство во кое често не се употребува. Токму затоа, во оваа прилика ќе ви го зголемиме кулинарското знаење. Уживајте во вкусните ќофтиња од мелено месо со одличен квалитет, а за тоа ќе ви помогнат овие наши едноставни, но многу корисни совети. 

Квалитетот на меленото месо е најважен фактор. Затоа препорачуваме да користите свежо мелено месо, кое може да го набавите од месарниците на Агриа (Битола, Штип и Велес). Агриа произведуваат домашно свинско и телешко месо. Телешкото месо е достапно само во нивните месарници, а свинското месо може да се најде и во Тинекс и Рамстор маркетите.

Можe и да ги направите однапред

Ако сакате да имате готови ќофтиња од мелено месо и да ги искористите наредниот ден, важно е да знаете дека може да ги припремите од напред. Еве на што треба да внимавате за месото да го задржи квалитетот:

  • Формирајте ги ќофтињата и наредете ги во тава обложена со хартија за печење или касерола. Притоа строго внимавајте да не се доближани едно со друго. Покријте ги со фолија или капак и така може да ги чувате во фрижидер до наредниот ден кога ќе сакате да ги приготвите.
  • Може да стојат до 24 часа, или најмногу до 30 часа во фрижидер, по кое време треба да ги подготвите.
  • Не е пожелно меленото месо да се чува свежо во фрижидер повеќе од 30 часа. Затоа, најкасно до еден ден откако ќе ги подготвите и складирате суровите топчиња од месо, треба да ги приготвите термички, предлагаме да се печени, а може и пржени.

Ќофтињата од месо може да ги замрзнете пред печење

Препораки до кои што треба да се придржувате за месото да не изгуби на квалитет:

  • Формираните топчиња од месо ставете ги врз рамна подлога обложена со хартија за печење или фолија, па наредете ги на растојание, да не се допираат едно со друго.
  • Ставете ги во замрзнувач неколку часа, додека целосно се стврднат, тогаш се спремни за да ги префрлите во пакување за замрзнување. Тоа може да биде ќеса за замрзнувач или пластичен сад, по желба. 
  • Кога се вака соодветно замрзнати, ќофтињата од месо може да ги употребувате во рок од еден месец, без да изгубат квалитет. Во случај да ви останат подолго, ќе бидат јадливи, но треба да знаете дека ќе има одредени измени поради претходно примениот воздух при подготовката. 
  • Замрзнатите ќофтиња, пред употреба оставете ги во фрижидер преку ноќ за да се одмрзнуваат пополека.

Ќофтињата може да ги замрзнете и откако се зготвени

Во ваков случај придржувајте се до следните препораки:

  • Најпрво и најважно, приготвените ќофтиња оставете ги целосно да се изладат.
  • Изладените и зготвени ќофтиња замрзнете ги како и незготвените – раздалечени и на хартија за печење, а потоа складирајте ги во затворен сад или зип ќеса.
  • Чувајте ги замрзнати до 2 месеци.
  • Кога сакате да ги јадете, оставете ги преку ноќ да се одмрзнат во фрижидер или директно изложете ги на топлина. Ако ги затоплувате во рерна, тоа нека биде на 180-200 степени, додека светне површината и омекнат. 
  • Исто така, може да ги одмрзнете во сос. Ставете го сосот во тава, заедно со ќофтињата. На средно тивок оган гответе со повремено мешање околу 15 минути.

Ви препорачуваме да прочитате: 5 грешки кои треба да ги избегнувате при подготовка на мелено месо.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: