палачинки со спирулина

Палачинки со спирулина и овес

Сочни палачинки со спирулина и овес – звучи супер, зар не? Спирулината е една од најхранливите намирници на планетата и со право го носи епитетот супер храна. Доколку ви треба креативна идеја за да ја вклучите во секојдневната исхрана, пробајте го овој супер рецепт за вкусни палачинки со спирулина. Тие имаат примамлива сино-зелена боја, а децата сигурно ќе ги обожаваат.

Спирулината е топ намирница за правилен раст и развој на децата, па тоа ни беше мотивација за овој нов рецепт! Домашно приготвените рецепти кои изобилуваат со хранливи состојки се препорачуваат за креирање на здрави животни навики кај децата. Затоа одвојте малку време и започнете ја кулинарската магија во вашата кујна!

Овесни палачинки со спирулина

Спирулината содржи 65% протеини, 5% добри масти и нема холестерол. Богата е со витамините (А, Е, Ц, Б групата) и минералите (калиум, калциум, магнезиум, цинк, селен, фосфор и железо). Оваа супер храна содржи 8 есенцијални аминокиселини, масни киселини, дигестивни ензими. Содржи 28 пати повеќе нетоксично биолошко железо отколку говедскиот црн дроб и 23 пати повеќе од спанаќот, 3 пати повеќе витамин Е од пченичните ‘ркулци, 5 пати повеќе калциум отколку млекото и 25 пати повеќе бета-каротен од морковот. Богата е и со фитонутриенти кои не само што го подобруваат имунолошкиот систем туку го штитат организмот од разни инфекции, бактерии и вируси.

Повеќе информации за хранливата вредност на спирулината и зошто им се препорачува на децата, може да прочитате во следниве содржини:

Состојки:

  • 2 јајца
  • 65 г ситни овесни снегулки
  • 2 лажички прашок за печиво
  • 200 г брашно
  • ½ лажичка сол
  • 2 лажички Hawaiian Spirulina во прав
  • 1 лажичка ванилин шеќер
  • 30 г путер или кокосово масло
  • 150 г млеко или овесно млеко
  • 1 лажица мед.

За прелив:

  • 100 г слатка павлака
  • 100 г јаворов сируп или мед по вкус.

За декорација:

  • Боровинки или друго овошје по ваша желба.

Подготовка:

  1. Во длабок сад измешајте ги овесните снегулки, брашното, прашокот за печиво, солта, ванилиниот шеќер и Hawaiian Spirulina во прав.
  2. Потоа, во садот додајте ги млекото и јајцата, едно по едно. Путерот или кокосовото масло растопете го.
  3. Во садот со состојките додајте ги медот, растопениот путер или кокосово масло и измешајте брзо со жицата за матење.
  4. Смесата оставете ја да стои за време од 10 до 15 минути.
  5. Тавата за палачинки премачкајте ја со масло и загрејте ја.
  6. Од смесата за палачинки со помош на поголема лажица или црпалка ставајте по 85 г во загреаната тава.
  7. Палачинките печете ги околу 2 минути од секоја страна. Совет плус: Штом забележите дека се појавиле меурчиња на површината од палачинката, превртете ја и продолжете со печењето.
  8. Послужете ги со слатка павлака и прелив од јаворов сируп или мед. Декорирајте ги со боровинки, банана, малини или некое друго овошје по вкус. На здравје!

Препорака: Hawaiian Spirulina ја има во сите поголеми аптеки во Македонија и тоа во пакувања со различни големини, од 100 таблети, 200 таблети, 400 таблетиод 500 мг или во форма на прав. Уште полесно, може да кликнете на онлајн продавницата на Тримекс и да нарачате директно на вашата адреса или на телефонскиот број +389 (2) 32 46 000. За подетални информации кликнете на следниов линк, а за дополнителни прашања пишете ни на sezahrana.mk и ние ќе ја консултираме Д-р Нела Деспотовска, па одговорот ќе го проследиме со вас.

Доколку ви требаат уште креативни инспирации за приготвување на вкусни јадења со спирулина, погледнете кои се најдобрите 5 рецепти од sezahrana.mk:

Ви препорачуваме да прочитате: Чиа пудинг со кокос и спирулина.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: