Домашен песто сос од босилек со спирулина 1

Домашен песто сос од босилек со спирулина

Нешто ново, многу вкусно и супер здраво од нашата кујна! Ние сме големи обожаватели на овој сос, а бидејќи ја консумираме и спирулината на покреативни начини, направивме нова комбинација на песто. Многупати сме споменале дека Hawaiian Spirulina е нашата омилена супер храна, а за тоа има многу причини. Прочитајте зошто е позната како најмоќна храна на земјата и прочистувач на телото. Затоа ви препорачуваме да го пробате нашиот нов рецепт за домашен песто сос од босилек со спирулина!

Овој сос е традиционален и потекнува од италијанската кујна. Лесно се подготвува и може да го сервирате со брускети, печени компири, тестенини или како намаз. А, ако откриете нов начин на употреба, пишувајте ни, сакаме да знаеме што откривте. Фантастичен е, вреди да се проба, а еве како го направивме.

Домашен песто сос од босилек со спирулина 2

Состојки:

За песто сос:

  • 30 гр свежи листови од босилек
  • ½ до 1 лажичка Hawaiian Spirulina во прав
  • 25 гр пармезан
  • 30 гр индиски ореви
  • 1 чешне лук
  • сол по вкус (½ до 1 лажиче)
  • прстофат црн пипер (½ лажиче)
  • 150 мл екстра девствено маслиново масло.

Подготовка:

  1. Најпрво ставете ги индиските ореви во блендерот, а потоа додајте ги босилекот и чешнето лук. Блендирајте кратко време.
  2. Потоа додајте го маслиновото масло и повторно блендирајте. Ќе добиете убава мазна и хомогена смеса.
  3. Исклучете го блендерот и додајте ги спирулината во прав и пармезанот. Измешајте со помош на лажица.
  4. На крај зачинете со сол и црн пипер по вкус, па кратко блендирајте. Тоа е сѐ, време е за уживање во дегустацијата!

Совет плус: Ако штотуку почнувате со употреба на спирулината во прав, за полесно навикнување на вкусот, ви препорачуваме да ставите 1/2 лажиче, наместо цело лажиче спирулина.

песто сос со спирулина 3

Hawaiian Spirulina во прав може да ја најдете во сите поголеми аптеки во Македонија. Покрај во прав, таа е достапна во пакувања со различни големини, од 100 таблети200 таблети и 400 таблети од 500 мг. Природно и добро за здравјето! Уште полесно, може да кликнете на онлајн продавницата на Тримекс или да се јавите на телефонскиот број +389 (2) 32 46 000 и да ги нарачате директно на ваша адреса, со бесплатна достава.

Ви препорачуваме да прочитате: Вегетаријански топчиња од компири, спирулина и изварка.

*Комерцијален рецепт.

Сподели: