Ајде да ја отвориме сезоната на зимници! И оваа година нудиме најголем избор на проверени рецепти за подготовка на домашна зимница. Збогатете го вашиот тефтер со вкусни и пробани рецепти. Па така, оваа зима наместо да купувате конзервирани домати, подгответе ги сами дома.
Прованса зачинот е магичната состојка на француската кујна
За миг отпатувајте до Франција и уживајте во мирисите на Прованса со помош на кујнската магија. Запознајте се со познатата зачинска мешавина – Прованса (Herbes De Provance) и почувствувајте го мирисот на француската кујна во вашиот дом. Популарна ширум светот, а сега достапна и кај нас. Ве запознаваме што е прованса и како да ја искористите за подготовка на супер вкусни јадења.
Макало од лук, главно на трпезата! – 3 добри начини за јадење
Капрезе сендвич со нане
Природна паста против акни и лузни од куркума и босилек
Домашен песто сос од босилек со спирулина
Нешто ново, многу вкусно и супер здраво од нашата кујна! Ние сме големи обожаватели на овој сос, а бидејќи ја консумираме и спирулината на покреативни начини, направивме нова комбинација на песто. Многупати сме споменале дека Hawaiian Spirulina е нашата омилена супер храна, а за тоа има многу причини. Прочитајте зошто е позната како најмоќна храна на земјата и прочистувач на телото. Затоа ви препорачуваме да го пробате нашиот нов рецепт за домашен песто сос од босилек со спирулина!
Мини пици Маргарита од модри патлиџани по италијански рецепт
Зошто да не биде здраво, освен што е вкусно, нели?! Ви предлагаме овој пат друштвото да го почестите со нешто екстра вкусно, а сепак нискокалорично ако го споредиме со традиционалните рецепти за пица. Направете им мини пици Маргарита од модри патлиџани и бидете свесни дека една доза може да ви биде малку. Превкусни се, сочни и со препознатливата арома на италијанските специјалитети!
Тестенини со крем сос од тиквички, сирење и павлака
Овесна проја со семиња, изварка и свеж босилек
Кога имаме набавено квалитетни состојки во домот, воопшто не е тешко да се смисли креативен рецепт. Инспирацијата за оваа овесна проја со семиња, изварка и свеж босилек, беше една наша млада гостинка која обожава здраво да се храни и внимава на својата линија и здравје. Во оваа проја нема масло, ниту млеко, а неодоливо е вкусна!