Тестенини со крем сос од тиквички, сирење и павлака 1

Тестенини со крем сос од тиквички, сирење и павлака

Убавини! Што друго може да се каже за вака приготвени тестенини со крем сос од тиквички и млечни вкуснотии? Ова е уживање во секој залак, пробајте.

Може да си сварите безглутенски, интегрални или бели тестенини, затоа што сосот одлично се вклопува со сите. Добри и здрави за целото семејство, направете ги и послужете ги нешто вкусно деновиве.

Тестенини со крем сос од тиквички, сирење и павлака 2

Состојки:

  • 500 гр тестенини по желба

За сос:

  • 2 средно големи тиквички
  • 100 гр ситно рендан кашкавал или сирење
  • 3 лажици сечкан свеж босилек (може да го замените со сув)
  • 3 лажици сечкан магдонос
  • 3-4 лажици кисела павлака
  • 2 лажици маслиново масло
  • 2 чешниња лук
  • црн пипер по вкус
  • сол по вкус.

Подготовка:

  1. Во тенџере на оган се става поголема количина на вода да се вари. Водата се посолува и тенџерето се поклопува со капак. Штом водата зоврие се додаваат тестенините. Се варат со повремено мешање во зависност од упатството наведено на пакувањето. Варените тестенини се цедат и се оставаат настрана.
  2. Тиквичките се мијат и се лупат, а потоа се рендаат на долгнавести парчиња. Така припремени се пропржуваат со малку лажица . Оставете ги да се изладат.
  3. Кашкавалот или сирењето изрендајте го, а босилекот и магдоносот измијте ги и ситно исечкајте ги.
  4. Лукчето исто така излупете го и ситно исечакајте го со нож или алатка, па измешајте го со павлаката.
  5. Во садот со тиквичките додајте ги тиквичките, сирењето, зачините и павлаката со лукчето.
  6. Зачинете со сол и црн пипер по вкус, измешајте и сервирајте во чинија. Прво ставете од тестенините, а потоа врз нив сервирајте од сосот. Декорирајте по желба и на здравје.

Ви препорачуваме да прочитате: Брз рецепт за тестенини со тиквички.

Сподели: