Македонски таратур

Македонски таратур – од кујната на Марија Кочовска

Време е за таратур! Го нареков македонски таратур, затоа што сакав да дознаам како се прави во различните краеви во Македонија и креирам рецепт кој ќе ја отсликува македонската кујна. Да ги зачуваме нашите традиционални рецепти и култура!  

Кременадли во кремаст сос со лук

Размислуваш и разгледуваш нови идеи за ручек или вечера? – Направи кременадли во кремаст сос со лук! Меки се и сочни, а приготвени по вистинскиот рецепт ќе ве одведат по патот на ново гурманско доживување. 

Топено сирење од урда и кашкавал

Топено сирење од урда и кашкавал

„Ако не сакате претерано солено топено сирење, ви предлагам рецепт кој ќе ве освои! Проверено безброј пати и секој пат изедена целата порција со голема сладост! А, ако имате време и можност да си направите домашни фурнаринки, задоволството ќе биде уште поголемо. За сите љубители на интересни и традиционални рецепти, но во подобрена хранлива варијанта ви препорачувам да го пробате ова превкусно топено сирење од урда и кашкавал“. – вели Катерина Шамбевска Спасеновска уредник и фудблогер од нашиот тим.

Брзи кифлички со јогурт и павлака

Време е за супер брзи кифлички со јогурт и павлака! Спремни ли сте за нов рецепт? Меки и крцкави, а кога ќе каснете имаат полн вкус. Што е најважно не треба да сте многу вешти во кујната со тесто, па може да ги направи секој. – вели Катерина Шамбевска Спасеновска уредник и фудблогер од нашиот тим.

snicli vo sos od pecurki i pavlaka

Строганоф со печурки и павлака

Ручек како од ресторан! Пробајте го рецептот за познатиот руски специјалитет – Строганоф во сос од печурки и павлака кој сигурно ќе ве воодушеви. Традиционално се приготвува со телешко месо, а може да го направите со свинско или пилешко месо, по избор. 

кинеска салата со сирење

Кинеска салата со ориз

„Повкусна од руската, освежителна и едноставна за подготовка! Верувам дека оваа кремаста кинеска салата со ориз ќе биде една од омилените која ќе ја запишете во вашите тетратки со рецепти и ќе ја правите за секоја прилика. Нашите пријатели од Млекара Тетово ни испратија Кораб кравјо сирење за дегустација, а јас го искористив за подготовка на вкусната кинеска салата.“ – вели Марија од нашиот тим.

тиро салата со лепче

Од кујната на Марија Кочовска: Тиро салата со лепче

Дали сте пробале тиро салата? Интересна комбинација од фета сирење, павлака и феферони која веруваме дека ќе го освои сечиј вкус. Послужена со топло лепче – фурнаринки е вистински избор за мезе со омилениот филм или фудбалски натпревар.

сладолед со џем

Брз кремаст сладолед со 3 состојки

Топлите денови само што започаа! А прва асоцијација на летото е сладоледот. Кога е домашен е уште повкусен, нели? За овие летни денови имаме супер предлог за брз, кремаст сладолед кој се прави само од 3 состојки. Полесно не може да биде, а вкусот воодушевува.

чизкејк

Едноставен рецепт за популарната чизкејк торта

Светски популарниот чизкејк, станува омилен и кај нас. Ние го обожаваме и често го подготвуваме, бидејќи се прави брзо и лесно. Иако подготовката на чизкејк бара одредена умешност, сепак ќе се снајдат и оние со помало искуство во кујната, со помош на нашиот едноставен и испробан рецепт за чизкејк торта. Следете ги нашите совети и во овие топли пролетни денови засладете се со вкусна чизкејк торта.

брзи пица макарони со павлака и кашкавал

Од кујната на Марија Кочовска: Брзи пица макарони

Кое е вашето омилено јадење? Пица или макарони? Ако одговоривте со „Да“ вие сте на вистинското место. Ви претставуваме ново гастрономско уживање со нашиот испробан рецепт за брзите пица макарони.

Мексиканска енчилада со пилешко месо

Популарната енчилада приготвена во кујната на Сѐ за храна! Време е за ново гастрономско уживање и дегустација на мексиканската кујна. Гурмански специјалитет со богат вкус, кој потекнува од 19-от век.

куглоф со лимон

Сочен куглоф со лимон

Барате рецепт за сочен и едноставен куглоф? Немате големо искуство за подготовка на десерти, а имате желба да го изненадите семејството со вкусен колач? – Подгответе сочен куглоф со лимон уживајте во вашето утринско кафе или чај.

банана леб

Банана леб со кикиритки и портокал

За сите љубители на популарниот банана леб имаме нов рецепт кој сигурно ќе ве израдува. Приготвен во кујната на Сѐ за храна, овој рецепт претставува совршен спој на слатка банана и крцкави кикиритки со изразена овошна нота на портокал. Мек, сочен и на места крцкав од кикиритките, ќе ве воодушеви со својот богат вкус. Супер вкусен десерт кој мора да го пробате во првата прилика штом имате зрели и потемнети банани, кои не знаете за што да ги искористите.