печени крофни

Печени чоколадни крофни

Кој е за вкусни печени чоколадни крофни? – Децата ги обожаваат, но и возрасните подеднакво им се радуваат. Совршени за детски родендени и забави. Се јадат во еден здив, па ќе ги снема за час.

Печени, а не пржени, па претставуваат поздрава алтернатива за класичните крофни. Може да ги направите во калап или во апарат за печење крофни. Ова е супер лесен и брз рецепт за печени крофни, кој ќе го обожава целото семејство. Сигурни сме дека ќе ги правите повторно и повторно, а на детската радост ќе и нема крај.

печени чоколадни крофни

Состојки:

  • 1½ чаша брашно
  • ½ чаша какао во прав
  • 2 лажички сода бикарбона
  • ¼ лажичка сол
  • 1 јајце
  • ¾ чаши шеќер
  • 3 лажици масло
  • ¼ чаша павлака
  • 1 ќесичка ванилин шеќер
  • ½ чаша млеко.

За глазура:

  • 150-200 г чоколадо за готвење
  • 2 лажици масло.

Подготовка:

  1. Во сад измешајте ги брашното, какаото, содата бикарбона и солта.
  2. Во длабок сад со миксер изматете ги шеќерот и јајцата. Додајте ги маслото, павлаката и ванилиниот шеќер. Миксирајте додека се соединат состојките.
  3. Постепено во смесата додавајте ги брашното и млекото, и добро промешајте за да се соединат сите состојки.
  4. Калапот за крофни премачкајте го со растопен путер. Секој отвор наполнете го до ¾ од висината со подготвената смеса за крофни. Може да користите лажица или готварски шприц.
  5. Крофните печете ги во претходно загреана рерна на 180 степени од 7-9 минути. Внимавајте да не се препечат.
  6. Печените крофни извадете ги од калапот и оставете ги да се изладат во целост пред да започнете со нанесување на глазурата.
  7. Чоколадото искршете го на коцки, ставете го во сад и додајте го маслото. Растопете го на пареа или во микробранова печка.
  8. Во растопеното чоколадо потопувајте ги изладените крофни до половина или пак со лажица нанесувајте од смесата врз нив. По желба украсете ги со шеќерни трошки. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Кремаста панакота со јагоди.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

 

Сподели: