Брзи кифлички со јогурт и павлака

Време е за супер брзи кифлички со јогурт и павлака! Спремни ли сте за нов рецепт? Меки и крцкави, а кога ќе каснете имаат полн вкус. Што е најважно не треба да сте многу вешти во кујната со тесто, па може да ги направи секој.вели Катерина Шамбевска Спасеновска уредник и фудблогер од нашиот тим.

А за најголемо уживање предлагам да ги послужите со чаша јогурт. Може да изберете Кораб и шарпланински природен јогурт или Фамилијарен јогурт од Млекара Тетово. Ако сѐ уште не сте ги пробале, сега е вистинското време за дегустација. – додава Катерина Шамбевска Спасеновска, а за повеќе интересни рецепти од неа, погледнете го нејзиниот Инстаграм профил @katerina.shambevska.

Брзи кифлички со јогурт и павлака

Состојки:

  • 250 мл млака вода
  • 250 мл масло
  • 125 мл Кораб кисела павлака
  • 125 мл Кораб јогурт
  • 3 лажички шеќер
  • 1 полна лажичка сол
  • 1 коцка квасец (или 2 ќесички сув квасец)
  • 1 кг брашно и плус по потреба за домесување.

За премачкување:

  • 1 јајце.

За посипување:

  • сусам по желба.
кифлички со јогурт и павлака

Подготовка:

  1. Во подлабок сад ставете ги сите состојки, освен брашното. Откако квасецот ќе се стопи (ако е сув не мора да чекате да надојде) додајте го брашното и замесете тесто. Треба да се формира меко и мазно тесто.
  2. Замесеното тесто веднаш поделете го на 4 делови, не мора да се чека да нарасне. Од секој дел формирајте кора со тркалезна форма.
  3. Во зависност од желбата за големината на кифличките, корите се сечат на 8 или на 16 делови (триаголници).
  4. По желба, во кифличките ставете Кораб кравјо сирење од Млекара Тетово, ќе им даде уште пополн вкус.
  5. Формирајте кифлички и оставете ги да нараснат 10-15 минути.
  6. Откако ќе нараснат и се меки на допир, премачкајте ги со претходно изматено јајце и наросете ги со сусам по желба.
  7. Кифличките ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 250 степени, 10-12 минути или додека добијат убава златна боја.
  8. Готовите кифлички извадете ги од рерна, попрскајте ги со вода и покријте ги со крпа. Оставете ги да се изладат, а потоа послужете ги. На здравје!

Совети плус:

  • Во зависност од големината на кифличките, печењето може да биде и во 2 плеха, обложени со хартија за печење.
  • Од наведените состојки може да добиете 32 поголеми или 64 помали кифлички.
  • Во состојките, вкупната количина на јогурт и павлака, може да ја замените со Кораб кисело млеко.
Брзи кифлички со јогурт и павлака

Препорака од авторот:

Ако ви се допадна рецептот, разгледајте ги моите профили каде објавувам испробани рецепти креирани во мојата кујна и заследете ме:

Автор на рецепт и фотографии: Катерина Шамбевска Спасеновска@katerina.shambevska.

Ви препорачуваме да прочитате: Брз леб со сода од 4 состојки.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Поддржан рецепт.

Сподели: