брз леб со сода 1

Брз леб со сода од 4 состојки

Како да направите леб ако немате квасец? Катерина од нашиот тим ни сподели одличен рецепт за брз леб со сода од 4 состојки. Таа вели: „Лебот е превкусен сам од себе и e со крцкава кора кога е топол. Кога ќе се излади е малку влажен во текстурата споредено со обичен бел леб, па не мора да се чува во најлонска ќеса. Трае до неколку дена и не се расипува“.

„Подготовката е брза и едноставна и може да го направи секој. Им препорачувам на сите да го испробаат. “ – додава Катерина Шамбевска Спасеновска, а за повеќе интересни рецепти од неа, погледнете го нејзиниот Инстаграм профил @katerina.shambevska.

брз леб со сода 2

Состојки:

  • 3 и 1/2 чаши брашно
  • 1 лажиче сол
  • 1 лажиче сода
  • 1 и 1/2 чаша Кораб јогурт.

Подготовка:

  1. Во подлабок сад ставете ги сите состојки. Замесете меко и мазно тесто.
  2. Тестото поделете го на 3 делови. Од секој дел формирајте векна.
  3. Векните наросете ги со малку брашно и со нож засечете ги на 4-5 места. Покријте ги со кујнска крпа и оставете ги околу 20 минути да нараснат.
  4. Векните ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 220 степени, 35-40 минути, додека добијат убава боја.

Совети плус:

Препорака од авторот:

На крај, ако ви се допадна мојот рецепт и љубовта со која ја припремам и прикажувам храната, разгледајте ги моите профили каде објавувам испробани рецепти креирани во мојата кујна и заследете ме:

Автор на рецепт и фотографии: Катерина Шамбевска Спасеновска@katerina.shambevska.

Ви препорачуваме да прочитате: Крем салата и сос за сите сезони – брзо, свежо и вкусно.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: