Македонски таратур

Македонски таратур – од кујната на Марија Кочовска

Време е за таратур! Го нареков македонски таратур, затоа што сакав да дознаам како се прави во различните краеви во Македонија и креирам рецепт кој ќе ја отсликува македонската кујна. Да ги зачуваме нашите традиционални рецепти и култура!  

Некои го нарекуваат и таратор, некои го прават со јогурт, некои со кисело млеко, а задолжително се додава краставица и лук. Некои сметаат дека таратурот е ист со зазики сосот, но треба да знаете дека тоа не е така. Најголемата разлика е тоа што таратурот треба да биде течен, за да може да се јаде со лажица. Во оваа прилика ве запознавам со мојот домашен рецепт за таратур. 

македонски таратур

Состојки:

  • 1 голема краставица
  • 1 чешне лук
  • 300 г кисело млеко – јас користев Кораб кисело млеко од Млекара Тетово
  • 1 лажица масло (сончогледово или маслиново по желба)
  • сол и мелен црн пипер по вкус
  • зачини по желба: копар или нане.

Подготовка:

  1. Во длабока голема чинија ставете го киселото млеко. Краставицата исечкајте ја на мали коцки и додајте ја во садот.
  2. Лукот ситно исчекајте го со нож или преса и додајте го во садот со киселото млеко. Измешајте и зачинете со сол и мелен црн пипер. По желба додајте копар или нане. Попрскајте со малку масло и послужете го. На здравје!
рецепт за македонски таратур

Препораки плус:

  • Често за подготовката, наместо свеж лук – користам лук во прав. 
  • А ако си на диета искористи го новото шарпланинско кисело млеко од Млекара Тетово кое има 1% на млечна маст. 
  • Постојат различни верзии на таратурот кој се приготвува кај нас. Некои додаваат мелени ореви, некои павлака, а има и дел кој покрај стандардните состојки додаваат сирење. Резултатите од истражувањето и навиките во Македонија за подготовка на таратур погледни ги во групата Сѐ за храна.

И за крај, направи го таратурот, објави ја сликата на стори и означи ме:

таратур

Може да те интересира: Од кујната на Марија –  Брзи тортиља канапеи со павлака, салама и краставица.

*Рецептот е овозможен од Млекара Тетово.

Сподели: