канапе со салама

Од кујната на Марија – Брзи тортиља канапеи со павлака, салама и краставица

„За 5 минути направи вкусно мезе за секоја пригода. Матурски прослави, родендени, свадби, крштевки… Летните прослави само што започнаа, а токму за ваквите настани споделувам еден предобар и декоративен рецепт за брзи тортиља канапеи. 

Вкусот потсетува на француската салата, па време е да ги пробате за дружбите со најблиските. Наведените состојки се доволни за 6-7 парчиња канапеи. А ако ти требаат повеќе парчиња, дуплирај ја дозата по потреба. Предобри се!“ – вели Марија Кочовска, која срдечно го сподели овој рецепт со нас. 

ториља канапеи

Состојки за тортиља канапеи:

  • 1 голема тортиља (26 см)
  • 1 лажица Natura крем од Млекара Тетово или павлака
  • 4 парчиња салама исечена на тенки листови
  • 2 парчиња кашкавал во листови
  • ½ краставица 
  • Лук во прав по вкус.

Подготовка:

  1. Краставицата исечкај ја на тенки ленти.
  2. Тортиљата премачкај ја со павлаката и нароси лук во прав. 
  3. Врз тортиљата стави го кашкавалот во листови, а потоа и парчињата салама.
  4. Свиткај како ролат. Краевите отстрани ги, а потоа ториљата исечи ја на 8 парчиња. Врз секое парче стави декоративна чепкалка и декорирај со павлака или нане во желба! Брзите тортиља канапеи се готови. Забавата може да започне! Видеото од подготовката може да го погледнеш тука. 
тортиља канапеи

Совети плус:

  • За подготовката користев Natura крем. Здогледав дека имаат ново, мало практично пакување и го набавив. За сите новости, заследи ги на Instagram и Facebook
  • Препорачувам да користиш кашкавал во листови, за да може ролатот лесно да се витка. 

И за крај, ако ти се допадна овој рецепт, посети ги моите профили на социјалните мрежи и заследи ме:

Ако си во потрага по вакви рецепти, разгледај ги моите рецепти за вкусни солени салати, сервирани на интересен начин:

Автор на рецепти и фотографии: Марија Кочовска.

*Рецептот е овозможен од Млекара Тетово.

Сподели: