мезе залачиња со крем сирење и песто сос

Готвиме со Марија Кочовска: Медитерански мезе залачиња со кремаст песто сос

„Летно, свежо и кремасто! Уживајте во вкусот на медитаранските мезе залачиња со кремаст песто сос кои ги приготвив за роденденот на списанието Убавина и здравје! Идеални се за роденденски забави, а и за летни седенки со пријателите.

Декорирај ги со шери домати, листови босилек и препушти се на забавата. А ако користиш готов песто сос, ќе заштедиш време и ќе ги направиш за 15-тина минути.“ – вели Марија од нашиот тим.

медитерански мезе залачиња

Состојки:

  • 200 г крем сирење
  • 2-3 лажици песто сос
  • сол по вкус
  • 16 крекери
  • 8 шери домати
  • 16 листови свеж босилек.

За песто сос:

  • 1 чаша свежи листови од босилек
  • 1 лажица пињоли (може да се замени со ореви)
  • ¼ чаша рендан пармезан
  • 1 чешне лук
  • ¼ чаша маслиново масло 
  • сол и црн пипер по вкус. 
медитерански мезе залачиња со крем сирење и песто сос

Подготовка:

  1. Во блендер или сечко ставете ги босилекот и пињолите, и кратко измиксирајте. Додајте ги лукот и пармезанот, и повторно изблендирајте. 
  2. Во блендерот постепено додавајте го маслиновото масло и продолжете со миксирање додека добиете кремаст сос. Песто сосот зачинете го со сол и црн пипер по вкус. 
  3. Во длабок сад ставете ги крем сирењето и 2-3 лажици песто сос. Измешајте ги добро и посолете по вкус. 
  4. Шери доматите пресечете ги на половина. 
  5. Врз секој од крекерите ставете крем сос, парче шери домат и лист од босилек. Забавата може да започне!

Совети плус:

канапиња со крем сирење

Автор на рецепт и фотографии: Марија Кочовска, @kocovska.marija.

Сподели: