брзи пица макарони со павлака и кашкавал

Од кујната на Марија Кочовска: Брзи пица макарони

Кое е вашето омилено јадење? Пица или макарони? Ако одговоривте со „Да“ вие сте на вистинското место. Ви претставуваме ново гастрономско уживање со нашиот испробан рецепт за брзите пица макарони.

Совршена комбинација на пица и макарони, преточена во вкусно јадење. Доволни ви се 20-тина минути за подготовка на овој специјалитет кој го приготви Марија Кочовска од нашиот тим. 

pica makaroni so avtor

Состојки:

  • 300 г макарони
  • 3 л вода
  • 100 г кисела павлака 
  • 120 мл неутрална павлака за готвење
  • 120 мл кечап
  • 1 мала лажичка оригано
  • 75 г шункова салама
  • 120 г маринирани сечкани печурки
  • 100 г кашкавал
  • сол по вкус
  • свеж босилек. 

Подготовка:

  1. Во тенџере на оган ставете ја водата да се вари и додајте ½ мала лажичка сол. Штом водата зоврие додајте ги макароните и варете 5-7 минути зависно од упатството наведено на пакувањето. 
  2. Сварените макарони исцедете ги.
  3. Кашкавалот изрендајте го, а саламата исечете на четвртинки. 
  4. Во длабок сад ставете ги павлаката, неутралната павлака за готвење, кечапот и ориганото. Измешајте ги и додајте ги во садот со макароните. Посолете по вкус. 
  5. Во тава ставете ги макароните. Врз нив додајте го ренданиот кашкавал, сечканата салама и печурките.
  6. Тавата ставете ја во загреана рерна на 250 степени и печете околу 10 минути за да се растопи кашкавалот. Топлите пица макарони послужете ги веднаш со листови свеж босилек. На здравје!

Препорака од авторот:

„Пица макароните се омилени на нашата трпеза. Многу се вкусни, а едноставни за подготовка. Ако обожавате тестенини, тогаш мора да го пробате овој рецепт кој верувам дека ќе ве освои. Следете ги инструкциите и немојте да додавате масло во водата во која ги варите тестенините. Тоа ќе оневозможи сосот да се залепи за макароните. Најважно е да ги варите во поголема колична на вода и да користите квалитетни состојки за подготовка. Пригответе ги за ручек или вечера, пишете ми како ви се допаднале, тагирајте ме на Instagram или објавете ги во групата на Сѐ за храна.“ – вели Марија. 

За сите прашања околу подготовката пишете и на Марија Кочовска (следете ја на Facebook и Instagram) од нашиот тим која ги направи и фотографира брзите пица макарони.

Ви препорачуваме да прочитате: Запечени шампињони со павлака и кашкавал.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: