мисиркини медаљони мала

Мисиркини медаљони во кремаст сос

Брзо, лесно и превкусно! Време е за ново гурманско дегустирање со нашиот испробан рецепт. Направете мисиркини медаљони во кремаст сос и послужете ги со омилените тестенини.

„Овој прекрасен и брз рецепт ми го кажа мојата пријателка Симона. Во групата Сѐ за храна имаше разговор за убави рецепти со мисиркино месо. Многумина кажаа дека немаат искуство со приготвување затоа што сметаат дека месото е малку потврдо. Но, кога го имаш вистинскиот рецепт може да ги направиш највкусните јадења. Благодарение на Симона и споделениот рецепт, сега мисиркиното месо ќе биде почесто застапено на нашата трпеза. Приготвено на овој начин е меко, сочно – со еден збор превкусно!“ – вели Марија.

мисиркини медаљони во кремаст сос

Состојки:

состојки за подготовка на мисиркини медаљони

Подготовка:

  1. Рерната приклучете ја да се загрева на температура од 250 степени.
  2. Мисиркините медаљони исечете ги на коцки со големина 1.5*1.5 см. Ставете ги во сад и додајте ги млекото и мешаниот зачин.
  3. Тавата ставете ја во загреаната рерна. Печете 5-10 минути.
  4. Неутралната павлака ставете ја во длабок сад и додајте пилешката крем супа. Измешајте и додајте вода и мелен црн бибер.
  5. Смесата додајте ја во тавата со медаљоните. Измешајте и намалете ја температурата на 200 степени. Печете за време од 30-40 минути додека месото омекне. За време на печењето, повремено мешајте ги медаљоните.
  6. Штом месото омекне, извадете ја тавата и оставете ја кратко да се излади.
  7. Во 4 чинии ставете ги варените тестенини. Додајте од мисикините медаљони и сосот. Послужете додека се топли со листови свежо нане. Уживајте во светот на вкусовите!

Препорака од авторот:

„А еве и мал совет: ако сакате повеќе сос додајте поголема количина на неутрална павлака. Нареден пат планирам да го испробам и со пилешки стек, па впечатоците ќе ги споделам во групата. Се надевам дека фотографиите кои ги направив ќе ви бидат мотив да го испробате овој рецепт. И секако, штом го направите – испратете ми слики или пишете ми порака како ви се допаднале медаљоните. Може да ми пишете на Facebook или Instagram каде ќе најдете повеќе рецепти од мене приготвени со љубов. Кликнете на линковите и следете ме за нови кулинарски патувања:

мисиркини медаљони во сос

Автор на рецепт и фотографии: Марија Кочовска@kocovska.marija.

Ви предлагаме да прочитате: Пилешко со печурки во кари сос.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: