пилешко со печурки во кари сос

Пилешко со печурки во кари сос

Повкусно во споредба со пилешкото во кари сос приготвено во рестораните, а лесно за подготовка! Во потрага сте по совршен рецепт за пилешко во кари сос или пак ви треба идеја што да приготвите за ручек? Имаме супер испробан рецепт за пилешко со печурки во кари сос кој го приготви Марија од нашиот тим.

Идеално за викенд ручек или пак штом ви се најават гости, а сакате да ги изненадите со домашен специјалитет. Ова е рецепт кој вреди да се проба! Од наведените состојки ќе добиете 4 порции од овој специјалитет.

пилешко во кари сос

Состојки:

  • 500 г пилешки стек
  • 3 лажици маслиново масло
  • 100 г маринирани сечкани шампињони
  • 2 лажици брашно
  • 600 мл вода
  • 200 г неутрална павлака
  • 1 лажица кари
  • морска сол и мелен црн пипер по вкус.

Подготовка:

  1. Пилешкиот стек исечете го на коцки. 
  2. Во тенџере ставете 2 лажици масло да се загрее. Во загреаното масло додајте го стекот. Пропржете го со повремено мешање. Штом забележите течност во тенџерето, покријте со капак и оставете го месото да се динстува на потивок оган околу 10 минути. 
  3. Потоа додајте ги маринираните шампињони и 200 мл вода. Покријте го тенџерето со капак и продолжете со варењето околу 10 минути додека месото омекни. 
  4. Во тенџере ставете една лажица масло. Штом маслото се загрее додајте го брашното и промешајте со жица за матење. Кратко пропржете и додајте 400 мл вода. Штом смесата зоврие додајте ги пилешкото месо и шампињоните заедно со течноста, неутралната павлака и кари зачинот. Посолете по вкус и зачинете со мелен црн пипер. Продолжете со варењето 3-5 минути со покриен капак. 
  5. Готовото пилешко со печурки во кари сос послужете го со варен ориз. Уживајте во светот на вкусовите!
пилешко со печурки во кари сос

Препорака од авторот:

„Омилено на многумина, а лесно за подготовка. Последните години пилешкото во кари сос станува сѐ популарно и кај нас. Често се наоѓа на менија на рестораните, а сега ќе може да го приготвите и дома. Потребни ви се 20-тина минути и добро избрани состојки. Штом го направите ќе ми биде мило да ми испратите фотографија или да ме тагирате на Instagram или Facebook. Најважно од сѐ гответе со љубов и поминете убави моменти со најблиските“. – вели Марија. 

За сите прашања околу подготовката пишете и на Марија Кочовска (следете ја на Facebook и Instagram) од нашиот тим која го направи и фотографира пилешкото со печурки во кари сос.

Ви препорачуваме да прочитате: Пилешко со пире во брз сос од печурки.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: