Овој пат со светот на вкусовите патуваме во Азија, Кина од каде ви го претставуваме рецептот за популарниот пржен ориз со пилешко месо! Предобра комбинација за брз и хранлив ручек или вечера која веруваме дека ќе ве освои на прв залак!

„Повкусна од руската, освежителна и едноставна за подготовка! Верувам дека оваа кремаста кинеска салата со ориз ќе биде една од омилените која ќе ја запишете во вашите тетратки со рецепти и ќе ја правите за секоја прилика. Нашите пријатели од Млекара Тетово ни испратија Кораб кравјо сирење за дегустација, а јас го искористив за подготовка на вкусната кинеска салата.“ – вели Марија од нашиот тим.
„Есенски вкуснотии од мојата кујна!“ – се првите зборови на Катерина од нашиот тим за ова јадење. Пријатно изненадена од вкусот на нејзината нова комбинација, со задоволство го споделува рецептот за вегетаријанско теријаки, кое може да послужи на многумина како посна и лесна идеја за ручек или вечера.
За сите љубители на италијанската кујна имаме нов рецепт за кремасто рижото со куркума. Овој здрав и вкусен рецепт ќе го освои целото семејство, па сигурни сме дека често ќе се наоѓа на вашето дневно мени. А, тоа што е брз и едноставен нека ви биде уште еден мотив плус да им подготвите на вашите сакани здрав оброк.
Повкусно во споредба со пилешкото во кари сос приготвено во рестораните, а лесно за подготовка! Во потрага сте по совршен рецепт за пилешко во кари сос или пак ви треба идеја што да приготвите за ручек? Имаме супер испробан рецепт за пилешко со печурки во кари сос кој го приготви Марија од нашиот тим.
Дали сте знаеле дека оризот може да го подобри здравјето и квалитетот на вашата кожа? – Тоа е заради тоа што оваа намирница содржи линолеинска киселина, која заедно со другите материи во состав на оризот, позитивно влијаат на производството на колаген. Погледнете како лесно и дома може да си направите маска од ориз за подмладување!
Сите се стремиме кон совршено зготвени јадења и одличен вкус! А, нема некој кој што не е заинтересиран за своето здравје! Веруваме и дека уживавте читајќи ги нашите совети посветени на здравјето и кујната, веруваме дека ви беа од голема корист сите едукативни информации и со големо задоволство продолжувате да не следите. И, ви благодариме за тоа! Во овој текст, ги издвоивме трите најчитани совети од сите кои ги споделивме во текот на изминатата година.
Мали, симпатични и екстра вкусни! Баш вака може да ги опишеме полнетите топчиња од ориз кои ги приготвивме во нашата кујна. Овој пат решивме да ви презентираме интересна идеја со омилениот ориз и производи од Сончева долина. Изберете домашен, Сан Андреа, бисерен или кочански ориз, а крајниот резултат ќе ве воодушеви.